Специјализираниот сајт за трансфери во цел свет, Трансфермаркт го стави Елмас во една доста фина листа на фудбалери кои со ова уште повеќе докажуваат колку се добри.
Плејмејкерот на Македонија и Наполи е во друштво на 10 фудбалери од Серија А кои сезонава најмногу си ја качиле цената на пазарот.
Напредокот на Елмас е повеќе од евидентен и значаен и тоа по само 7 изминати кола во Серија А. Пред стартот на сезоната Трансфермаркет го процени на 10, а сега го вреднува дури 17 милиони евра.
Скок од 7 милиони евра имаат и талентите Леао од Милан и Коуаме од Џенова, а во ова друштво има уште двајца клупски колеги на Елмас, Руиз и Ди Лоренцо.
На првата позиција според ова поскапување е Стефано Сенси од Интер за 12 милиони евра.
Со трансферот вреден 16 милиони евра од Фенербахче во Наполи, Елиф Елмас летово стана најскапиот македонски фудбалер во историјата. Уште позначајно е што добива одлична минутажа во еден Наполи предводен од трофејниот и ценет стратег, Карло Анчелоти.
Погледнете го што удар извади денес на тренинг