Offside

Светскиот првак им приреди хичкок четвртфинале на своите навивачи, кои до 67 минута беа бледи крпа. Египет имаше водство од 2:0, Меси промаши пенал, а потоа се случи аргентинско танго. Ромеро 79`, Меси 83`, Енцо Фернандез 92` за голема победа од 3:2 и четвртфинална битка против Колумбија/Швајцарија.

Елмас од близу ги запозна Бускетс и Ракитиќ

Тие што седеа како вампири ноќеска, тврдат дека Елмас имал фина партија како стартер против Барселона. Наполи загуби 2:1 на овој пријателски меч, а Елиф осети како е да се игра против вакви незгодни ликови, особено двајца кога ќе ти се насукаат.

Не се заборава одговорот на Мурињо до македонската новинарка

8 август е датум кој не потсеќа на УЕФА Супер Купот кој се одржа во Скопје пред две години. Денот кога на Градски истрчаа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Денот кога Жозе Мурињо доби прашање од Наташа на која и го даде еден од најјаките мурињовски одговори откако е тренер. Н е п о в т о р л и в о.

Уште со ориз не сме се нагостиле во Офф.нет

Ние им направивме статија каква што заслужуваат, тие нас ни се заблагодаруваат со кочански ориз. Да знаат само што гурмани работат на овој сајт, ќе сфатат колку сме радосни за вниманието. Продолжете само така дечки и чувајте ни ги сезонските, ќе ви навратиме кога ќе не носи патот.

Како Мајорка го најави новото засилување од Македонија

Се избација со видео старо 8 години, ама на зарибана лента. На снимката Александар Трајковски и Анте Будимир, тогаш како македонско-хрватско дуо во Интер Запрешиќ, кое сега ќе биде нов тандем во Мајорка. Штосна идеја на шпанскиот прволигаш со довчерашните напаѓачи на Палермо и Кротоне.

Коларов од паркинг

На овој човек голот во Драчево да му го наместиш, од центар ќе добаци и ќе ја даде во агол. Синиша Михајловиќ и Александар Коларов, тие се. Ем левучари, ем Срби. Немилосрдни од прекин.

Каков фраерски пенал на Иниеста

И докторот за фудбал може да се случи да промаши пенал, ама гледај враќај му ја и друг пат на нога. Си бира со која сака. Каква играчина.

Најлудиот меч во Белгија кој заврши 6:6

На денешен ден пред точно 20 години, Вестерло и Генк одиграа натпревар со 12 голови, 5 пенали и 4 црвени картони. Mаn of the match? Епа судијата. Дупла дневница требале да му дадат. Раат не бил ни еден напад.

Најсимпатичниот и најмодерен клуб во Македонија е ФК Осогово

Го следи Лион на Твитер, Рома пак твиташе за нив и ги прогласи за тим на денот, а кога Мурињо го отпуштија од Манчестер му се понудија да ги преземе. Кога читате за овој клуб на нивните социјални мрежи, немате чувство дека ова е македонска екипа.

Фалкао е во пензија ама

Човекот кој нема милост кога ќе фати топка во сала исто е дали е активен играч или не. Сега барем се извинува, а и така треба пошто чуварот го прави во соседната сала.

Спектакуларно шоу на презентацијата на Дани Алвеш

Само неколку минути откако ја одржа својата прва прес конференција како играч на Сао Паоло, Дани Алвеш се појави на стадионот Морумби. Таму што да види. Стадионот полн, атмосфера како за дочек на нова година.

Брилијантен дриблинг на девојка од Арсенал

На Даниела ван де Донк и се пуштија две противнички една по друга и уште не се свесни што ги снајде, особено првата. Мозочето им го испи.

Зошто УЕФА упорно замижува на оваа грчка провокација?

Ултрасите на ПАОК станаа ултра досадни и банални со истиот транспарент, кој веќе со години го вадат на стадион, а УЕФА е па ултра строга или се прави дека е строга кога ќе зебележи расистички или политички испади на фудбалски натпревар. Овие вторите секоја година ги има на мегдан во Солун и упорно се прават на Тошо. Кај се казните? Да не им треба превод?

Навивач на Галатасарај го кани Фалкао со песна

Една од најтазето трансфер шпекулации е заминувањето на Радамел Фалкао од Монако за кој се појавија муабети дека може да направи трансфер во Галатасарај. Навивачов е воодушевен од идејата и спремен со позната мелодија која ја цепа по свое. 

Роналдо објасни како му произлегла популарната прослава на гол

Иако делува некако неприродно и чаламџиски, сепак асот на Јуве тврди дека се работи за сосема природен потег кој му дошол да го прави спонтано на пријателска со Челси.

Што е полошо, одбраната или нападот?

Сè што ќе видите во оваа акција е погрешно изведено. Чаре? Земете карате да тренирате, пошто вака некој може да се повреди.

Евертон го изненади Мојс со два дреса

Талентираниот италијански напаѓач Мојс Кин направи трансфер од Јуве во Евертон за сума од 27,5 милиони евра. Спортскиот директор на неговиот нов клуб за кој потпиша пет годишен договор му спреми ептен топло добре дојде во новата средина со многу пријатен гест.

Уф што лобче беше ова на Суарез против Челси

Меѓународниот Куп во САД кој завршува на 10 август, знае да извади јаки моменти од минатото. Погледнете како пред 4 години Луис Суарез ја легна одбраната на Челси со се голман. Џабе се исчаши тој што фати да ја вади од гол линија.

Анегдоти со куварот на Милан кој им готви од 1988-ма

Иако Италијанец Инѕаги не се однесувал баш италијански. Јадел бела паста, па во истата чинија ставал црвена и на крај бутал сувомеснато. Највесело било после едно финале во ЛШ кога славеле до ниедно време, па барале да им вари шпагети во 5 сабајле. Потоа го фрлиле во базен, а кутриот не знаел да плива.

Каде бе дечко со таков еврогол?

Крило, не се нафрлува така, многу назад му ја даде. Е ако де. Е како ако, па како ќе ја закова со глава? Сега ќе видиш.

Сао Паоло е во транс, пристигна Дани Алвеш

Легендарниот бек со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот се враќа во родниот Бразил на клупско ниво по пауза од 17 години. За сега се продадени 21.000 карта за фештата на стадион.

Мангупска шема од слободен удар

Треба да ти текне, ама и да ја вежбаш и тоа веројатно не многу бидејќи изгледа проста како грав. Како и да е, голманот е 100% заебан.

Со сиот памет покажа ВАР, а го немаат воведено

Царот на колото се вика Раул Орско и суди во боливиското фудбалско првенство. Арно ама понекогаш и самиот не знае што суди. Го викна линискиот нешто на муабет и потоа влезе некако напалено на терен мисли ЛШ суди и ги крена рацете за ВАР, само уште да имаше ВАР во Боливија. Потоа се сецна и виде невиде пенал свирна, па овие го промашија. Каша попара ситуација.

Гол во МЛС со порака до американскиот конгрес и пукањето

Фудбалскиот натпревар меѓу ДС Јунајтед и Филадејфија Унион донесе една необична ситуација по повод масовните вооружени напади во САД во кои загинаа многу луѓе. 

Маестрален гол на Суарез на прва

Барселона го совлада Арсенал со 2:1 и го освои трофејот „Жоан Гампер“. Мечот го реши Луис Суарез со голчина во 90-та минута. Не е ова некој јак волеј, ама потегот е многу фудбалски. Акробација на прва, без да го гледа голот.