Offside

Светскиот првак им приреди хичкок четвртфинале на своите навивачи, кои до 67 минута беа бледи крпа. Египет имаше водство од 2:0, Меси промаши пенал, а потоа се случи аргентинско танго. Ромеро 79`, Меси 83`, Енцо Фернандез 92` за голема победа од 3:2 и четвртфинална битка против Колумбија/Швајцарија.

Нема наслов во кој не се истакнува името на Елмас по изданието на Велодром

Кога во Италија, каде дрско се критикува од јутра до сутра, ќе те фалат на само 19 години и нема да ти веруваат на годините, тогаш навистина вредиш. Плус со тоа се сложува и Анчелоти кој му даде шанса на Елиф уште од прва минута, а овој целосно ги оправда очекувања.

Први и тоа одлични два гола на Несторовски за Удинезе

Иако се работи за нисколигаш по име Кјарлинс кого го совладаа 7:0, сепак шпицот на Македонија веќе му покажува на Игор Тудор какви способности има во напад. Иле ја темпира голгетерската форма за Серија А која стартува за 20 и гостувањето против Израел за 30 дена.

Го издриблаа Ван Дајк, ама после година и пол

Манчестер Сити славеше против Ливерпул на пенали и со тоа го освои Комјунити Шилд мечот на кој се среќаваат освојувачот на Премиер лига и ФА Куп. Ова финале ќе се памети и по тоа што конечно некој го мина еден на еден столбот Вирџил Ван Дајк. Замислете на дури 65 натпревари по ред на успеал никој да го издрибла. Рекордот му го урна Габриел Жесус со еден потег.

Извонредна акција за победа на Наполи во режија на Елмас

Елиф Елмас ја доби првата шанса како стартер на Наполи и тоа на ни малку наивно гостување против Олимпик Марсеј. Славеа 0:1, а победничката акција на триото Инсиње-Калехон-Мертенс, почна со извонреден пас на македонскиот репрезентативец. Карло знае што бира.

Го гаѓа судијата со шише и вика ми се лизна

Само еден ден откако изјави дека има психички проблеми, Ник Кирјос му го истори бесот на судијата на идиотски начин. Го гаѓа намерно со шише, а вика дека му се лизнало од раце. Што човек ќе беше еј, при очи слеп го прави.

Голман пајак

Имаме уште еден голман што заслужува гајба пиво од соиграчите. Тоа е чуварот на голот на Макаби Хаифа кој една шанса, односно три во една акција, вака им ја скроти на фудбалерите на Стразбур во квалификациите од ЛЕ.

Лудило на Тричковски во Софија - му даде 4 гола на Левски

Македонскиот репрезентативец е играч на колото во квалификациското коло за Лига Европа, откако вечерва сензационално постигна 4 гола на гостувањето на неговиот АЕК Ларнака кај Левски Софија. Првиот меч Кипраните го добија 3-0, па со вкупни 7-0 одат во следна фаза.

Фудбалскиот месец кој со душа го чекаме на лето

Тезата дека кога нема светско или европско, нема фудбал цело лето е погрешна. Како нема, кога не овој, следниот викенд ќе се најдеме во кладилница. Стартуваат англиско и француско. Прво коло: Манчестер Јунајтед - Челси. Па па па.

Крауч за Просинечки: „Пушеше цигари пред натпревар, на полувреме и после натпревар“

Секогаш духовитиот Питер Крауч, кој летово на 38 години ја заврши кариерата и се повлече од фудбалот, и во минатото и денес има многу интересни приказни од теренот.

Не се тревожи, за трка на 100 метри се спрема

Атлетичар на денот, заеб на денот или како сакате. Продавачов срце ќе го стегнеше.

Ти психички проблеми? Не бе, грешка си нешто

Во новата епизода од серијалот наречен Ник Кирјос имаме нова до сега невидена глупоштина, бидејќи само тој го може тоа, ама и едно признание од негова страна кое делува сосема логично. Додуше две.

Најлудиот танц на Роналдињо - против Милан на Сан Сиро 2006-та

Бразилецот пред и по овој меч имаше страшни настапи во дресот на Барселона. Ама ова што го одигра на „Сан Сиро“ таа априлска вечер пред 13 години беше нешто необјасниво.

Што е работата со еден од најдобрите напаѓачи во Серија А?

Кога пред две години Мауро Икарди две илјади пати го прашаа за Реал Мадрид, тој одговори дека ќе остане во Интер додека не го избркаат на сила. Тогаш делуваше смешно, но денес е јасно дека попрво Занети ќе отиде во Јувентус отколку Икарди да добие нов договор.

Тепачка каква не се памети во најсилната бејзбол лига во САД

Мечот од Главната бејзбол лига (MLB) меѓу Синсинати Редс и Питсбург Пајретс беше прекинат поради масовна тепачка која што ја започна играчот на Редси, Емир Гарет кој тргна сам на цела противничка клупа. Причина за тоа бил инцидентот неколку минути претходно кога Кеоне Кела од Пајретс со топка го удрил во глава противничкиот играч Дерек Дитрих.

Што ако испаднавте, има лудило да приредиме во прво коло

Тоа што Штутгарт сезонава ќе биде во второлигашко друштво ништо не им менува на ултрасите. Во прво коло го совладаа Хановер со 2:1, а пред мечот како да ви кажеме. Погледнете ја оваа поддршка. Лекција одржаа.

Судија смири ја прво ако не те бива на прва

На осминафиналниот меч од Копа Либертадорес играч на Емелец направи неспортски потег на гостувањето против Фламенго. Судијава па со две леви нозе е роден.

Педро мајсторе што направи?

Челси и Салцбург приредија голеада од 5:3 на пријателска, а шпанскиот репрезентативец го постигна можеби најатрактивниот гол на сите досегашни пријателски летово. Капа доле за потегов.

Кога сме веќе кај лажните вести во фудбалот

Николас Пепе е фудбалер кој доаѓа од Брегот на Слоновата Коска. Има 24 години и летниов трансфер преоден рок е најдолго зборуваното име. Игра за француски Лил, растура од голови и асистенции, а скоро треба да биде промовиран во Арсенал за брдо милиони. Да се вратиме на насловот.

Фина комбинација Гризман - Де Јонг на тренинг

Со душа го чекаме Ел Класико да видиме како ќе функционираат Гризман и Де Јонг кај Барса и Азар во Реал, на страна целата плејдата на асови и во двата клуба. Првите двајца веќе почнаа да делуваат опасно, а уште не почнало првенството.

Ова не се случило никогаш во Фенербахче

Набил Дирар е Мароканец. Имаше сериозна кариера во Монако и Клуб Бриж, а од 2017 е во турскиот гигант каде е капитен. Ама синоќа ја оплеска работата. Додека Фенербахче губеше 6:1 од Баерн Минхен, навивачите на Фенер присутни на стадионот го исвиркуваа па овој реши да напушти игра.

Најсрамниот гол кој Шкендија го прими од пола терен

Не е ова прва бламажа на македонскиот првак кој е антимакедонски настроен со своето однесување. Пред седум години беа елиминирани од едни ботови по име Портадаун кои играат во полупрофесионална лига во Северна Ирска. Интервенцијата на месечарот беше брилијантна.