Лука Дончиќ го освои и Мексико, дечкото игра сезона од соништата

Словенечкиот репрезентативец ќе остане запаметен како прв играч кој остварил трипл-дабл на НБА меч одигран надвор од границите на САД и Канада.

Далас со 122-111 го разби Детроит а Лука имаше 41 поен, 12 скока и дури 11 асистенции од кои некои беа стварно школски:

Во склоп на популаризација на НБА лигата, Мавси и Пистонс го одиграа својот меч во Мексико Сити пред, очекувано, преполни трибини.

Лука Дончиќ со 20 години покажа дека во моментов е број 1 играч во НБА ако континуитетот во формата се земе предвид. Ова беше 16. победа на Далас сезонава и дури 8-ми трипл-дабл за Дончиќ кој игра импресивна сезона во најдобрата лига на светот.

 

13 декември 2019 - 10:13