Наполи синоќа го декласираше Генк со 4:0 и обезбеди пласман во осминафиналето на ЛШ, а клубот денеска излезе со шокантно соопштение дека ја прекинува соработката со Карло Анчелоти. Чуден потег, ако се знае дека он ги однесе во топ 16, а не се елиминирани.
За трансферот на Елиф Елмас постојат тврдења дека токму Анчелоти инсистирал да го купат од Фенербахче. Веднаш штом го донесоа доби неколку шанси како стартер, а неколку пати влегуваше од клупа.
Го пушти и во ЛШ и тоа четири пати, еднаш како стартер. Што не е мала работа со оглед на конкуренцијата и годините. Плус го пофали после првите партии и изјави дека има потенцијал за развој кај нашиот голем талент.
Затоа и за очекување е што Елмас напиша статус за неговото заминување. Без да знаеме, ќе си земеме за право да тврдиме дека сигурно му е криво што повеќе нема да работи со стратег од таков калибар.
„Мистер, ти благодарам за сè што стори за мене. Ми беше задоволство што работев со тебе и што ми беше тренер. Ти посакувам сè најдобро во иднина“.
Зборуваме за ценето име кое освојуваше трофеи во Италија, Англија, Франција, Шпанија и Германија или поточно во најсилните топ 5 лиги.
Па кој друг тренер има привилегија да ги води во кариерата Јуве, Милан, Челси, ПСЖ, Реал и Баерн? Тој е еден од тројцата кои освоиле ЛШ со две различни екипи (еднаш со Реал и два пати со Милан). Домашното првенство го има освоено во Серија А, Премиер лига, Лига 1 и Бундеслига. 20 трофеи има старото.
Но суетниот Аурелио Де Лаурентис реши да ги тера своите принципи до крај, така што седмата позиција и заостанувањето од 17 позиции во Серија А зад лидерот, наместо со тренер со педигре и реноме, ќе му ги препушти да ги топи Џенаро Гатузо.
Gattuso looks like a mobster lol.
— Dada ⚽️ (@Wdandada2) December 11, 2019
Good fit for Napoli pic.twitter.com/8eBqXuNofC
Потсетување и на високите казни на строгиот газда поради тоа што не го послушаа играчите кога ги свика сите во карантин.