Offside

Тешка тема е ова на толку голмански легенди кои произлегоа во фудбалот, но за Џиџи нема дилеми околу првите три места.

Сега фрли го преку кров, за среќа викаат

Џошуа Брилианте е играч од среден ред на Мелбурн Сити. За време на мечот против Аделаида Јунајтед (2-1) во еден дуел со противничките голман и стопер, му испаднал заб кој после мечот го нашол.

Навивач на Милан ќе свири во сообраќај се додека Сусо игра во прв тим

На еден навивач на Милан му скурчи, ама ептен, а и како нема кога место Милан да го шине Лече 5:0, прима гол во 92-ра и игра нерешено. Никако не може да се пронајдат, ни идентитетски, ни играчки, ни резултатски.

Чудото на Енди Мареј - во јануари му ставија вештачки колк, а сега освои титула после 960 дена

Понекогаш во спортот се случуваат работи, кои многу тешко може да се разберат и кои ја прошируваат нашата претстава за човековите можности. Враќањето на Енди Мареј е едно од нив.

Како да познаеш кој бил од страна на младоженецот на свадбата на Надал

Еден од најголемите спортисти на сите времиња, Шпанецот Рафаел Надал (12 пати освојувач на Ролан Гарос), викендов се венчал со својата долгогодишна девојка Марија Франсиска Перејо (31) на приватна церемонија на островот Мајорка. Надал и Перејо се заедно од 2005 година, а се запознале преку сестра му на Рафа.

Луд стопер во Полска, ја носеше над 50 метри и даде еврогол

По теркот на историските халфови, Полјакот Михал Бојдис од второлигашот Јастржебје реши да изнесе една топка од негова позиција, дури таму до противничкиот гол. А кога реши да распали, толку беше од голманот на Подбескиѕе.

Судијата кој ги лечи играчите со свирче

За да поверувате во насловот, не мора да верувате во бајачки, туку во судијава. Просто е како грав. Погледне што му направи на голманов. Кукурек.

Како ја опалија Чалканоглу и Наионголан леле мајко

Два убави, многу убави голови од 8. коло во Серија А. Турчинот од Милан постигна еден од оние многу тешки мајсторски погодоци од косо, кои заслужуваат внимание. Нема што да бара тука голманот, а ниту па на овој дрзок удар на Раџа Наинголан на мечот Каљари - Спал. Ама им легна и на двајцата.

Голман, ти не треба да браниш

Не знаеме кој го излажал голманчево од втората норвешка лига дека треба да брани. Чист промашај му е таа улога, кога го гледаш што може да направи во напад. Абе Жунињо го имате во тим, го запели другиот голман за статива.

Овој па како од небо да паднал

Мечот меѓу Сасуоло и Интер донесе голеада од 7 комада, односно гостински триумф од 3:4. Натпреварот во еден момент беше прекинат поради еден падобранец на терен, ама буквално падобранец. Што бараше тука да слетува само тој знае.

Еврогол во стилот на Барди

Не за џабе го споредуваме голчиштево со наш човек, затоа што во шпанскиот фудбал токму Енис Барди знае вака да ја свитка. Во исчекување на неговото деби ремек дело за сезонава, да уживаме во она на Дани Парехо од Валенсија кој ги постигна конечните 1:1 во Мадрид.

Каша попара пред голот на Лацио

Публиката на Олимпико во Рим денеска гледаше трилер натпревар меѓу Аталанта и Лацио. Гостите имаа убедливи 0:3 на полувреме, а во 92-ра минута од пенал Чиро Имобиле израмни на 3:3. Домаќините утнаа и два зицери во второ, но најголемата драма се случи пред нивниот гол во 89-та минута. Тука не се знае кој јаде, кој пие.

Нов дебакл и катастрофално издание на Вардар

По домашниот многу висок пораз од Кил, ракометарите на Вардар одново прикажаа ужасна игра, овој пат на гости против Веспрем кој им беше противник во последното финале во Келн. Не личи ова на европскиот првак.

Школска маказа

Во првенството на Виетнам, од 4 гола на мечот Ха Нои - Кванг Нам, најубав беше првиот на гостите. Го даде Бразилецот Родриго да Силва Диаз.

Кога Ибрахимовиќ му предложил кладба на Лукаку

Во прилично долго интервју за Газета дело Спорт, Златан Ибрахимовиќ меѓудругото раскажал и една анегдота за Лукаку.

За љубителите на драмата, мексикански тим му пушти 2 гола на противникот

Во петокот вечер, во најдобрата мексиканска лига, играа Депортиво Веракруз и Тигрес. Откако цела недела се шпекулирало дали играчите на Веракруз ќе го играат мечот поради тоа што не земале плата со месеци, натпреварот почна и имаше чуден тек. Домашните им пуштија 2 гола на гостите во знак на протест.

Најнов хируршки потег на Роналдињо, со еден пас испаднаа 7 играчи

Мајсторот се врати на терен, за пријателскиот меч меѓу Индепендиенте Санта Фе и Атлетико Насионал во колумбискиот град Богота. Бразилецот покажа дека и на 39 години ја поседува магијата.

Штета за Палермо, погледнете какво екипиште можеа да имаат

Лоши вести пристигнуваат за довчерашниот клуб на Несторовски и Трајкоски, тоест најлоши. Симпатичниот сицилијански клуб со антипатичен газда, згаснува.

Пријателе, ти си пиел водка пред фудбал

Втора руска лига, играат Сатурн и Химик Арсенал. Уште не почнат дуелот, домашниот голман Арби Межиев излетува како да е поднапиен, а гостинскиот напаѓач Изотов шутира како веќе да е пијан.

Бразилскиот фудбалер од Астон Вила кој добил дете на 14 години, а на 16 имал две

Додека сите познати спортисти на поодминати години им раскажуваат на своите внуци колку биле славни на времето, на бразилскиот центарфор кој игра во Астон Вила нема да му треба многу време. Децата ќе го памтат како „талентираниот шпиц“.

Вардар е јужно-македонски првак???

Ние уште на северна не сме се навикнале, а овие од Веспрем каша попара направија на Твитер. Утре ќе барале одмазда, не против македонскиот, не против европскиот, туку против јужно-македонскиот првак. Бришете тоа, да не ви рипнат овие јужно од нас.

Импресивен прием + магично додавање = Роналдињо

Рафа Маркез дува една топка која на прва изгледа безвезна. Ама, тука е чичко ви Роналдињо, која со два потега прави 100% шанса за гол. Ако приемот за коментаторот е „аааа мадре миа“, тогаш што да се каже за додавањево?

Албанска криминална група ги крадела фудбалерите на Реал, Барса и Атлетико

Шпанската национална гвардија привела четири лица кои ги ограбиле домовите на познати фудбалери кои живеат во Мадрид. Сите се со албанско државјанство.

Најголемата афера во бугарскиот фудбал во која беше измамен и македонски репрезентативец

За местенка, некои газди на клубови се спремни ако треба и да го ослабнат сопствениот клуб само да го шитнат мечот за тие пусти пари. Каква балканско - мафијашка лакрдија беше ова. Работава одете во Русија да видите дали сум таму.

„Бев гладен, играв бос и знам како е да се нема, што ќе ми се 10 Ферари“

Со 8 гола и 2 асистенции на 11 меча досега сезонава, Садио Мане потврдува дека е еден од најдобриот офанзивни фудбалери на светот денес. Неговата годишна плата во Ливерпул е проценета на 6,5 милиони евра, така што може да си приушти буквално што ќе посака. Ама не е таков.