Второлигашот Малага сезонава кај мака мачи со резултатите и е на само еден бод до зоната за испаѓање, па сега уште ова им требаше. Виктор Санчез дел Алмо кој ги води од 15 април 2019-та е отпуштен од клубот.
Причина за тоа е скандалозно приватно видео кое излезе со него на интернет, на кое прави работи кои се за по дома. Додуше тој веројатно дома е снимен, ама бељата е што тоа излезе во јавност.
43 годишниот стратег излезе на Твитер со соопштение во кое тврди дека пред да му го објават клипот бил уценуван и се надева дека полицијата ќе го расчисти случајот.
Газдата на Малага, не застана на негова страна и му порача да си ја признае грешката.
We still waiting to know Who is the person he lying always ?
— Abdullah N Al Thani (@ANAALThani) January 7, 2020
he is like the Angel Never make mistakes
He does not want to admit the mistake
just one time said the truth
Did you think that will help you
of you always lying to everyone !?
Be strong and say I make a mistake
(....)
Инаку Малага сезонава има катастрофални резултати. Се наоѓа на 16-та позиција со само 4 победи по 22 кола, а Санчез ги водеше откако направи две годишна пауза по отпуштањето во Реал Бетис.
Претходно работеше и како тренер на Олимпијакос и Депортиво Ла Коруња, а беше асистент тренер во Хетафе и Севиља.
Санчез е инаку продукт на Реал Мадрид кој во 1996-та година стигна до прв тим и освои Ла Лига под водство на Фабио Капело. Следната сезона го подигна пехарот и во Лига на шампиони со Јуп Хајнкес на она финале кое го реши Мијатовиќ против Јуве.
Беше дел и од силната Ла Коруња со која ја освои титулата во Ла Лига во 2000-та година, а има и 8 настапи за Шпанија. Не беше познат како славен играч, па еве му шанса да се прослави.