Првиот клуб во кариерата на Златан Ибрахимовиќ е Малме каде во 1999-та го прекомандувале од младинска во сениорска конкуренција, а првиот трансфер му се случил во 2001-ва кога имал 19 години.
Во игра бил и Арсенал, ама Златан сепак продолжи во Ајакс каде почна да импресионира и со кој ја освои тројната круна.
Трансферот како отскочна даска во кариерата му се случил откако со Малме бил на подготовки во Шпанија. На почеток дошол некој да го гледа, а тој појма немал дека е скаут на Ајакс.
Вака оди приказната:
Одиме со клубот на подготовки во Шпанија и таму имаше еден кој постојано ме набљудуваше. На почеток не знаев дека е дојдеn од Ајакс за да ме следи токму мене.
-Првиот ден беше тој.
-Вториот се појави друг скаут на Ајакс.
-Третиот ден дојде асистент тренерот.
-Четвртиот ден дојде главниот тренер на Ајакс.
-Петтиот ден дојде директорот на Ајакс.
-Шестиот ден веќе немаше што да гледаат.
Ми велат: „Треба да дојдеш кај нас“.
После неколку часа падна договор и веста излезе и во Шведска. Се сеќавам дека на телевизија ме виде и мајка ми. На прилогот покажале моја слика, но бидејќи мајка ми не разбираше добро шведски се загрижила да не зборат дека ми се случило нешто лошо.
Се слушаме на телефон и со загрижен глас ми вели: Што се случи, добар ли си? Јас и велам: Добар еве потпишав за Ајакс, ќе одам да играм во Холандија. Потоа на босански ме опцу и ми рече дека лажам. Потоа ми спушти слушалка.
Откако мајка му се изнервирала и му спуштила слушалка, нејзиниот син на 19 години потпишал за Ајакс за сума од 8,7 милиони евра. Останатото е историја.