Горан Пандев и донесе многу важни 3 бода на Џенова на денешниот дуел против Сасуоло и им ја прекина лошата серија од два месеци без триумф.
Домаќините поведоа со голот на Доменико Кришито од пенал во 29-та минута, гостите израмнија по само 4 минути, но кога во прв состав го имаш Пандев и на 36 години, можеш да се надеваш дека до крај сè е можно.
Џенова тргна во контра напад, а Пандев на многу среќен начин им ја закова со лице во 86-та минута.
За Џенова ова е прва победа после 3 ноември, а во меѓувреме повторно направија тренерска смена. Го отпуштија Тијаго Мота кој имаше несреќна двомесечна авантура, а на негово место дојде Давиде Никола кој на вечерашниот прв негов меч му даде 90 минути можност на Пандев.
И не погреши, без разлика што голот е чиста среќа, битно топката е во гол, а Џенова слави победа. Ова четврти негов погодок сезонава во Серија А.