Ова двајца Де Хеи не го бранат

Манчестер Сити скоро и да го реши прашањето за патникот во финалето на Лига Куп откако со 1-3 го згроми градскиот ривал Јунајтед со три гола уште во првото полувреме. Најубавиот погодок беше дело на Португалецот Бернардо Силва.

Ова беше шести гол на Бернардо Силва сезонава а после мечот изјави дека екипата можела да даде уште голови: „Во прво полувреме можевме да постигнеме уште четири дури и пет гола. Имавме шанси. Во второ пресингуваа повеќе, ние подзастанавме, но задоволни сме во целост“.

8 јануари 2020 - 09:08