Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
Бидејќи знаеме дека многу кладилничари пишуваат на своите тикети по некој пар и од тоа Англичаните Лига 1, Лига 2, а појма немаат што пацери играат таму, еве еден пример зошто не можеш да се потпреш на нив. Кру има ситуација три на еден за водство од 2:1 против Плимут и се случува ова.
Ова е легендарен настан по многу основи. Тешко е да се фокусираме само на Коби, бидејќи кога ќе видите кој се играше таа година, ќе ве пукне силна носталгија. Едно што се појави како дебитант со јаки потези, друго што доби задача да се чува со Џордан и трето што имаме снимка со коментар на Љубомир Николовски.
За време на финалето на Купот на Србија меѓу вечните ривали Партизан и Црвена Звезда, кошаркарот кој скоро дојде меѓу црвено-белите, Марко Јагодиќ-Куриџа на еден тајм аут на прашањето со кое се крева моралот „Ко је најбољи“, одговара „Приморска“, клубот во кој играше до скоро.
Дечково од Америка поубава вечер само на сон. Доаѓа до Рим, неговиот омилен клуб го победува можеби најтешкиот ривал во првенство, и тоа после пресврт, а пред мечот ја бара девојка му за жена и таа прифаќа. Епа уште скудетото да го прослави на свадба и Скорсезе да снима филм.
Дидие Дрогба денес има 41 година. Времето проаѓа, ама на „Стемфорд Бриџ“ никогаш нема да ги заборават неговите 9 сезони во дресот на Челси во два наврати и повеќе од 100 гола од кои десетина во финалиња на Лига на шампиони, ФА Куп, Лига Куп итн.
Ако на времето можело олимписки спортови да бидат влечење со јаже, качување по јаже и пукање во галеби, тогаш ова нешто денес во 2020-та година заслужува да му се даде шанса. Би бил еден од погледаните. Игрицава се вика fast sling puck и претежно се игра во Русија и во некои азиски земји.
За време на една борба меѓу Со Соваратан и некој борец по прекар Нејмар, првиот го нокаутира вториов а судијата Ситчај Инејад прави истовремен пад со цел да го ублажи падот на нокаутираниов.
Прво си кажаа добровечер, но во следниот миг Конте се збуни и почна да се смее, па откако сфати кој му поставува прашање тој му возрати со прашањето „Како си“? Потоа објасни дека се работи за негов играч од Бари со кој ја освоиле Серија Б.
За време на еден меч од германското фудбалско подземје меѓу Прусен Минстер и Вурцбергер Кикерс, гостинскиот фудбалер Лирој Квадво кој доаѓа од Гана бил расистички навредуван од еден навивач на кој му се врти цел стадион.
Веќе добри три години го селеа во Јуве, Интер, Сити, Реал, Челси...за суми од 80, 100, 120 милиони евра, ама српскиот репрезентативец и натаму е во Рим. Дечкото везе и не се плаши од никој во среден ред.
Поради падната гледаност на најголемото кошаркарско шоу на светот, луѓето од НБА лигата решија да направат неколку промени во правилата на овој ревијален натпревар, со цел да го направат понатпреварувачки и подраматичен. Излезе фантастично зошто се јадеа до крај.
Навивачите на МЗТ Скопје се познати по многуте графити кои ги изработуваат, особено на свој терен во населба Аеродром. Овој пат изненадија и со едно прекрасно ремек дело во чест на трагично загинатата мега ѕвезда. Му посветија графит на Коби со сите нишани. Браво за потегот.
Актуелниот шампион на Европа имаше моќен настап против Мотор Запорожје кој го совлада со 10 гола разлика. И покрај финансиските проблеми момците на Стевче Алушевски беа мотивирани и за шоу. ЕХФ го препозна во онаа атрактивна акција на Дибиров и Скубе како во НБА и голот на Русинот го прогласи за број 1.
Ол стар викендот во Чикаго е во знак на сеќавање на Коби Брајант во чија чест НБА лигата направи неколку измени во форматот. Тимовите ќе носат броеви 24 и 2 на своите дресови, а четвртата четвртина ќе се игра без мерач на време.
Интересна втора вечер од Ол-стар викендот во „Јунајтед Центар“ во Чикаго. Публиката уживаше во разновидни вештини, во рафални шутеви за три поени и во спектакуларни забивања.
Најатрактивната вечер на Ол стар викендот е секогаш втората во која натпреварот во забивање се гледа без трепкање. Победник е Дерик Џоунс Џуниор од Мајами, а најразочаран е Арон Гордон од Орландо. И со право.
И покрај сите неволји со кои се соочува во последните неколку месеци, европскиот шампион Вардар покажа дека е над ситуацијата - вечерва во Скопје го згроми украинскиот шампион Мотор 38:28.
Легендарниот Дејан Станковиќ го имаше своето тренерско деби и ќе го памети по победата на неговата Црвена звезда над Чукарички од 0:2. Шампионот на Србија со брзи два гола го реши мечот, а вториот погодок, дело на младиот Његош Петровиќ беше проектил.
Ол стар викендот стартуваше со мечот меѓу тимот на Америка и тимот на светот во кои учестуваа ѕвездите во подем. Постигнаа вкупно 282 коша или конечни 151-131 за Американците. За спектаклот да биде уште поголем се погрижи Лука Дончиќ кој ја побудале публиката во Чикаго.
Не знаеме што имаат смислено и што ли ќе изведат вечерва ол стар ѕвездите на натпреварот во забивање, ама ако на некој му фали идеја еве му. Дечки чиста 10-ка и за идејата и за реализацијата. Маестрално изведено.
Со оглед на тоа што е викенд, дај жртвувајте барем едно 50че. Ако упали, од следен викенд давајте и по 100че со се билтен во рака. За вас останува уплатата и исплатата.
Во бразилски куп се сретнаа нисколигашот Сао Раимундо и славниот Крузеиро. Мечот заврши 2:2, а во 79’ минута се случи комична ситуација кога гостинскиот фудбалер Еду направи тежок фаул, па со соиграчите пробаа да го збунат судијата да не знае кого да исклучи. Ама на крај не куртули.