Комесарот на НБА, Адам Силвер објави дека од годинава па натаму, признанието за најдобар играч на Мечот на сите ѕвезди ќе го носи името на еден од најголемите на сите времиња.
Adam Silver unveils newly named Kobe Bryant MVP Award for #NBAAllstar 🙏
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 16, 2020
(via @SNYtv)pic.twitter.com/OFxboiD0GB
МВП Ол Стар наградата се доделува од 1953 година. Најдобрите играчи на Ол Стар натпреварот во 1951 и 1952 година добиле награди пост-фактум. Победникот го бираат новинарите кои го следат Ол Стар мечот.
Коби Брајант оваа награда ја добиваше рекордни 4 пати (2002. 2007 и 2011, а во 2009 година првпат после 5 години заигра во ист тим со Шекил О'Нил кој се врати на Западот и на крајот легендарниот тандем Шакоби ја подели наградата). Ова беше и прв чекор на примирје меѓу двајцата другари.
4 МВП Ол Стар признанија има и Боби Петит, ѕвездата на Сент Луис Хокс од '50-те и '60-те години.
По три МВП трофеи имаат Шекил, Џордан, Леброн и Оскар Робертсон.
Коби Брајант беше и најмладиот учесник на МВП - во 1998 година со 19 години стана првиот и единствен тинејџер кој играл на Ол Стар мечот.
Коби на Ол Стар не се појави само во својата дебитантска сезона во НБА лигата, сите други сезони се наоѓаше во стартната петорка, па дури и во сезоната кога одигра само 6 меча поради повреда. Четири пати стана апсолутен лидер во гласањето на навивачите (почесто беа гласани само Џордан и Леброн - 9 односно 7 пати).
Својот прв МВП Ол Стар Коби го освои во својата родна Филаделфија. Последниот во Лос Анџелес.
Имено Ол Стар дуелот 2020 ќе помине во формат „Тим Леброн“ против „Тим Јанис“. Сите во екипата на Гркот ќе носат дресови со број 24 во чест на Коби, а оние во тимот Леброн ќе носат број 2 во чест на бројот кој го носела трагично загинатата ќерка на Коби, Џана.