Offside

Очекувањата биле да достигне цена од 10 милиони, колку беше продаден дресот.

Најлудата кошаркарска завршница за деценијава

Кога се прави пресек на најфеноменалните моменти во спортот во последниве 10 години од 2010 до 2020, неизбежно е да се потсетиме на лудата завршница на јадранската АБА лига во 2010 година кога во финалето во Загреб се сретнаа Цибона и Партизан.

Каква година на извонредниот Ајакс

Ја освоија тројната круна што подразбира титула во домашното првенство, Куп и Супер Куп. На меѓународна сцена остварија импресивни резултати, особено во нокаут фазата каде ги елиминираа Реал Мадрид и Јувентус. Стигнаа до полуфиналето во ЛШ, а беа многу блиску и до финале.

Мане користи мобилен со скршен екран и гајле нема

Садио Мане, еден од најдобрите фудбалери од Африка, важи за најскромен фудбалер во Премиер лигата. Често се појавуваат раскази кои говорат за неговата човечност и приземјеност.

Момци, не е ова ластик со девојчињата во маало

Роберт Морено седна на клупата на Монако на местото на Леонардо Жардим, а првиот тренинг му беше смешки. Двајца играчи на францускиот прволигаш не знаеа како се тренира со еластична гума за растегнување па ги учеше како во градинка.

Тренерот на Монтереј заплака по титулата во Мексико, му ја ветил на загинатиот син

Ноќта во понеделникот, мексиканскиот клуб Монтереј првпат уште од 2010-та година стана шампион на Мексико. Во финалето на плејофот, Монтереј ја совлада Америка со 4:2 на пенали откако вкупниот исход од двата меча беше 3:3.

Челси им ја фрли ракавицата на премиерлигашите

Сити е богат, Јунајтед е славен, Ливерпул го достигна годинава врвот, ама гледано во изминатава декада на прво место по број на трофеи е Челси.

Најчитаното во Офсајд за 2019-та (прв дел)

На крајот од оваа година место да издвоиме што ја одбележа 2019-та на спортски план, решивме да го провериме тоа преку вашиот вкус. Односно што мнозинството кликаше во нашата спортска рубрика. Тоа што го очекувавме излезе на виделина. Доминира европскиот шампион РК Вардар.

Јас сум главниот судија, а офсајд крева жена ми која сега ќе ја бакнам

Во Бразил се одигра хуманитарен фудбалски натпревар „Со фудбал против глад“, а најсимпатичниот момент го имаа главниот судија на мечот и помошничката крај аут линијата.

2019-та е година на Ливерпул во фудбалот по сите параметри

Не успеаа да ја достигнат титулата во Премиер лигата, ама затоа остварија светски успех што не му успеал на ниту еден друг англиски клуб. Тоа е интернационална тројна круна во една календарска година, на страна лудите партии, пресврти и рекорди.

Гевгеличани знаат да живеат живот

Што ќе ти се авионски карти и резервации за Бока - Ривер на „Бомбонера“, отиди до спортската сала во Гевгелија да видиш што е Дале Кавезе со блех музика.

Вие само дојдете, со иста финта ќе ве исфрлам од игра

Не е битно дали сме во маало на баскет или во НБА на мечот Денвер - Сакраменто, туку е битно е што чичко ви Никола ќе ви покаже како се влегува под кош со малку мешање лева десна.

Син му на Рејес игра за Реал Мадрид и головите му ги посветува на загинатиот татко

Хозе Рејез Лопез, синот на легендарниот фудбалер Хозе Антонио Рејес, е главен играч во Реал Мадрид У-12. Тој синоќа постигнал дури четири гола во финалето на турнирот за таленти на Ла Лига - La Liga Promises во Катар.

Добро има ли компас овој Арсенал?

Тоа што во Серија А сезонава е Милан, кај Англичаните дефинитивно е Арсенал. До толку да не се немало победнички дух во оваа екипа, тоа е чудо невидено. Па не можат да излезат на крај со екипи како Норич, Брајтон и Борнмут, кои се борат за опстанок.

Ренџерс го победи Селтик на гости првпат после 9 години, Џерард полуде од среќа

Стиви Џи не се зафркава. Сериозно е намерачен на Ренџерс да му ја донесе првата шампионска титула уште од 2011-та година колку што ја чека сината армија од Глазгов. Лани го совладаа Селтик на „Ајброкс“ и покажаа дека можат да се носат со ривалот. Сега го добија на гости.

Мајсторе, за голов треба да те позлатат во Египет

Африкански Куп на Конфедерации. Пирамидс гостува кај Ал Масри. Резултатот 1-1 и во 83’ минута Мохамед „Додо“ Ел Габас дава спектакуларен гол за победа.

Од непознато дете во Барселона, до најснажен играч во Премиер лига

Во петокот Манчестер Сити гостуваше кај Вулверхемптон и водеше 2:0 со играч помалку. Во второ полувреме примија три гола и изгубија. Почетокот на лудиот кам-бек го направи Адама Траоре кој сезонава веќе постигна 4 гола и има 4 асистенции.

Тагата на дете која ја опишува страста за фудбал во Јужна Америка

Играчот со број 15 се вика Хуанми Калехон и му е брат на Хозе Калехон од Наполи. Игра во Боливија и се простува од својот клуб Боливар за кој го одигра последниот натпревар. Детево не го пушта да си оди за жива глава и го моли да остане. Какви емоции за фудбал уште од мал.

Кога Џордан им натрпа 51 кош на 38 години

На 29 декември во 2001 годна, Вашингтон Визардс на домашен терен го совладаа Шарлот Хорнетс до 107-90. Најголемиот на сите времиња, Џордан ја играше првата сезона во дресот на Вашингтон и на тој меч уфрли 51 поен.

Лука се поздрави со гледач на аут линија по име Коби Брајант

Далас загуби ноќеска од Лејкерс, Дончиќ овој пат беше послаб со 19 поени, 4 скока и 7 асистенции, а интересен момент се случи кога изведуваше аут. Човекот кој седел позади него му се обратил на словенечки јазик, па Лука му пушти рака.

Сити го победи дечко што на времето чистел теписи со татко му

Манчестер Сити на мечот против Вулверхемптон водеше 2-0 со 10 играчи на теренот по црвениот картон кој го доби голманот Едерсон за прекршок надвор од своето поле. Ама „граѓаните“ не издржаа до крај и ги нокаутираше еден интересен лик.

Ти ја мислиш од 0-2 гола, таа 9+ завршува

Дека во англискиот Чемпионшип се игра луд фудбал, тоа одамна е јасно, ама ова што го направија Бирминем и Лидс Јунајтед не е нормално. Полувреме 1-2, крај 4-5 со гол буквално 4 гола за 10 минути од кои еден во 90+5’ минута за победа. Алиоски имаше 2 асистенции, а неговиот Лидс е прв на табела со 51 бод, односно 9 бода повеќе од третопласираниот кој оди во плејофот.

Баерн Минхен на македонски јазик

Баварците имаат пристојна фан база во земјава, а клубот тоа знае да го цени, па меѓу другите јазици на кои се заблагодари за поддршката во 2019-та година, го употреби и македонскиот.

Не можат да го сопрат па почнаа во публика да го буткаат

На Лука Дончиќ не му треба многу време за опоравување, па откако се врати од повредата пружи уште една лудачка партија. Овој пат негова жртва беше Голден Стејт кого Далас го совлада со 141:121. Нов трипл дабл за словенечкото чудо од 31 поен, 15 асистенции и 12 скока.