Кеисуке Хонда - првиот фудбалер што даде гол на 6 континенти

Јапонецот Хонда по завршувањето на својата богата кариера комотно ќе може да напише автобиогафија за неговите авантури на разни страни од светот. Стигна да биде и селектор на Камбоџа, а сега игра во најфудбалската земја на светот.

Кеисуке Хонда е еден од најголемите авантуристи во светот на фудбалот. Јапонецот за само неколку години успеа:

- Да отиде од ЦСКА во Милан
- Да отиде од Милан во Мексико
- Да игра во Австралија
- Да стане привремен селектор на репрезентацијата на Камбоџа
- Да му се понуди на Манчестер Јунајтед (сакаше да игра бесплатно за овој клуб но не го викнаа)
- Да премине во холандски Витезе
- Да смени континент одново и да се пресели во Бразил каде игра денес за Ботафого.

Јапонецот кога дојде во Бразил многу навивачи го пречекале на аеродромот, а на промоцијата на стадионот имало 13.000 луѓе.

Дебито за овој големиот бразилски клуб Ботафого, Хонда го имаше на 15 март во Лига Кариока, првенството на Рио де Жанеиро. Поради коронавирусот мечот се играше без гледачи, а фудбалерите на Ботафого на терен излегоа со маски: оваа акција ја поддржаа многу бразилски клубови.

На овој меч Хонда го постигна 100. гол во својата кариера и стана првиот фудбалер што давал гол на 6 континенти: Азија, Европа, Северна Америка, Африка (2010-та на Светското со Јапонија одигра 2 натпревари), Океанија и Јужна Америка.

Јапонецот (33) во кариерата играше за Нагоја (90 настапи/11 гола), ВВВ Венло (68 настапи/24 гола), ЦСКА Москва (94/20), Милан (81/9), Пачука (29/10), Мелбурн Виктори (18/7), Витесе (4/0), Ботафого (1/1).

За репрезентацијата на Јапонија од 2008 до 2018 година одигра 98 натпревари и постигна 37 гола.

 

17 март 2020 - 10:36