Offside

Некогашниот македонски репрезентативец Илија Несторовски кој врвот на кариерата го имаше во италијански Палермо каде од коло во коло даваше голови против големите италијански клубови, сега после неколку повреди се врати во Хрватска од каде го трасираше фудбалскиот пат. Игра за Славен Белупо и тоа како игра.

Зијеш игра во татковината и дава супер голови

Во дербито на мароканскиот фудбал, Видад дома изгуби 1-2 од ФАР Рабат. Прекрасен гол за домаќините даде Хаким Зијеш, некогаш врвниот талент на Ајакс кој блескаше во Европа но рано се врати дома лани во 2025-та, носталгичен по Мароко и тамошниот фудбал.

Циркузантски кикс во Ѓорче на братучед му на Онана

Работнички загуби 3:1 против Македонија Ѓорче Петров на гости во 21. коло од Првата македонска лига. Гостите си постигнаа комичен автогол поради несмасниот голман Ондоа, кој му паѓа братучед на Андре Онана. Комедии.

Навивач на Лацио го издресирал кучето да лае против Лотито

Само што ќе му го чуе презимето почнува да лае.

Најсмешниот момент во кариерата на Оливер Кан: даде гол со раце и доби црвен

Вчера се навршија 25 години од смешниот момент. Баерн Минхен гостуваше кај Ханза Рошток во Бундеслигата. Домаќините водеа 3-2 кога во последни секунди од мечот Оливер Кан во противнички шеснаесетник скокна и со раце ја заби топката во гол. Се правеше како да е најнормално ама доби црвен картон. Главен судија на мечот беше легендарниот германски судија Маркус Мерк.

Гризман ја мајтапи Барселона со една фотографија

Атлетико Мадрид по убедливиот триумф 4-0 во првиот натпревар од полуфинале на шпански Кралски Куп, на реваншот со Барселона спаси жива глава на „Камп Ноу“ и изгуби „само“ 3-0. Каталонците фуриозно се залетаа и за малку не ја стигнаа огромната негатива од четири гола. Гризман веднаш по крајот на натпреварот ги поздрави гостинските навивачи и од соблекувална објави фотографија на Инстаграм.

34 години од двата култни еврогола па Панчев против грчки Панатинаикос

Во првото дебитантско издание на Лига на шампиони во нов формат по преименувањето од Куп на европски шампиони, на 4-ти март (денешен ден) 1992-ра година Црвена звезда му гостуваше на Панатинаикос во Атина. Нашиот Дарко Панчев тогаш имаше проблеми со грчките цариници кои му замерувале поради македонското потекло и се тетеравеле за неговиот пасош.

Десетмината на Реал кои се во аут за следниот меч

Реал Мадрид се соочува со целосно неочекувана ситуација. Минатото коло загуби од Хетафе и сега е на -4 од Барса, во петок игра против Селта на гости, а потоа во среда го пречекува Манчестер Сити. Цел на тим на повредени има во пресрет на следното коло од Ла Лига. Алаба и Асенсио се повредени. Белингем и Себалос имаат повреда на мускул. Мбапе, Милитао и Родриго повреда на колено. Хуијсен, Карерас и Мастантуоно се суспендирани.

Нов страшен рефлекс на Пикфорд

Само три дена откако му фати проектил на Тонали, Џордан Пикфорд се истакна со нова врвна одбрана и на мечот против Барнли, кој Евертон го доби со 2:0. Многу тешка одбрана е ова и тоа од блиску.

Го имаме најголемиот фер плеј на сезоната, ФИФА ќе го награди

Како на времето Паоло Ди Канио кој се прослави со еден несекојдневен фер-плеј, така и неговиот млад сонародник, 26-годишниот Томасо Фумагали сега направи фантастичен потег. За време на дуелот меѓу Реџана и Јужен Тирол во италијанската втора лига Серија Б, во 20' минута гостинскиот голман, ветеранот Алесио Крањо се повреди додека беше истрчан надвор од својот гол и ја изгуби топката. Фумагали имаше чист гол пред себе но реши да ја исфрли топката во аут за да му се пружи помош на Крањо.

Фантастична игра на Вардар, падна Бенфика, осминафинале гарантирано

Ракометарите на Вардар 1961 ја совладаа Бенфика 33-27 (15-14), ја надоместија негативата од првиот дуел меѓу двата тима и после три кола осигураа пласман најмалку во осминафинале на Европската лига на ЕХФ. Црвено-црните пред околу 3.000 гледачи славеа благодарение на одличната игра во напад и во одбрана.

Навивачи и филхармонија?

Убава спојка направиле навивачите на германски Штутгарт кој игра одлична сезона и веројатно пак ќе игра во Лига на шампиони следна сезона.

Тешко заработениот првотимски статус на Димитриевски

Столе Димитриевски ќе биде стартер на Валенсија до крајот на сезоната. Повредата на Хулен Агирезабала, во комбинација со перформансите на Македонецот, ја решија секоја можна дебата помеѓу стативите.

Ни за тенисерите нема раат, избегаа среде меч поради експлозија на дрон

Тензично е на блискиот исток и за спортистите. Натпреварот помеѓу Данило Остапенко и Мацуока Хајато беше нагло прекинат откако се вклучи аларм во тенискиот клуб Фуџаира, во Обединетите Арапски Емирати. Остатоци од пресретнат дрон предизвикале пожар во нафтена индустриска зона, која се наоѓа во непосредна близина на теренот.

Овој па како на ГУЦ да игра фудбал

Игра за Реал Мадрид, заработува 20 милиони по сезона, има 14 трофеи и на крај публиката му е крива кога ќе загуби топка и се расправа со кој стигне на секој меч.

Венгер го истера своето, ФИФА тестира радикално ново правило за офсајд

Легендарниот француски тренер успеа во намерата да воведе драстична промена за офсајд правилото и тоа го гледа како голем чекор напред.

Јака анегдота на Ван дер Варт за Снајдер

Рафаел Ван дер Варт и Весли Снајдер се симбол на едно убаво време за Ајакс и холандскиот фудбал општо. Играа во многу јаки клубови а едно време се најдоа и во Реал Мадрид. Од заедничките дружби со Снајдер кој бил голем мераклија на ноќните проводи, Ван дер Варт има едно сеќавање.

Јокиќ тактика за избегнување фаул

Денвер ја доби Јута на гости со 128-125. Играч на мечот беше Мареј со 45 поени. Никола Јокиќ оствари дабл дабл учинок и со потег како на кечери го надмудри Кијонте Џорџ, кој почна да го фаулира со раце.

ФИФА допиши уште 1 кандидат за гол на сезоната

Вакви голови не се гледаат секој ден. Она што го направил Давид Гонзалес на дуел меѓу Депортиво Куенка и Барселона СЦ од Еквадор е мајсторија која се гледа неколку пати. Куенка победила 2-1 а Давид Гонзалес го дал мајсторскиот погодок во 45+1' минута.

Фудбалерките на Иран во знак на протест не ја пееја химната

Тивкиот протест на женската репрезентација на Иран се однесува на тазе напнатата ситуација во нивната земја нападната од САД и Израел. Инаку натпреварот се играше во рамките на Азискиот Куп, кој Јужна Кореја го доби со 3:0.

Големо славје во соблекувална на Хетафе

Екипата на Хетафе синоќа го изненади Реал Мадрид и го победи пред преполн „Сантијаго Бернабеу“ со 0-1 со еврогол на Сатријано. Победата ја прославија онолку колку што е голема, историска.

Евроголот на Хетафе на Бернабеу и несмасниот потег на Рудигер

Пукна сензација на Сантијаго Бернабеу. Хетафе го доби Реал Мадрид на гости по пауза од 18 години со посед на топка од 23% и ѝ направи услуга на Барселона која сега им бега 4 бода. Мечот го реши Мартин Сатријано со голчиште во 39 минута. Франко Мастантуоно и Адриан Лисо добија црвени во судиското продолжение, а од картон се спаси Антонио Рудигер, кој без осет, со колено во глава удри противнички играч и тоа два пати.

Лацијалите со брутална порака до Трамп за Лотито

Навивачите на Лацио вријат и веќе неколку натпревари протестираат и не одат на стадион, изреволтирани од политиката на Клаудио Лотито кој од Лацио направи просечен клуб. Во Рим е забележан многу провокативен графит до претседателот на САД, кој се однесува на претседателот на Лацио.

Видео од евакуацијата на Ашковски со ирански војници

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски е извлечен од Иран, откако САД и Израел извршија воздушни напади. 34 годишниот бек се пресели во оваа земја во јануари и стана член на Мес Рафсанјан, но фудбалот во Иран е стопиран и тој преку Турција бил успешно евакуиран од загрозените подрачја. Ашковски има 40 настапи за Македонија и се очекува да настапи на 26 март против Данска.

Владо Илиевски за ангажманот и плановите во мак баскетот

Човекот кој ја постигна најважната тројка во историјата на македонската кошаркарска репрезентација од неодамна е назначен за спортски директор во КФМ. Во подкастот Пресинг објаснува како и на што ќе се работи во сите националните селекции.