Offside

Сенегал и Белгија го одиграа најлудиот натпревар од досегашното Светско првенство. Со пет гола, многу шанси, продолженија и на крајот болно испаѓање на шампионот на Африканскиот Куп на нации.

Кога Шек ќе ти ја забие и ќе те спружи на паркет

Од спротивната и најнеблагодарната страна е Крис Дадли, кој џабе што е 211 и само 5 см понизок од Шек, кога физички е многу послаб. Плус фрустрацијата сигурно му била уште поголема затоа што е седум години постар од младиот, но најмоќен центар во НБА.

Понеделничкиот тренинг на Фирмино

Имаат првенство, домашни купови, меѓународни купови, пријателски, тренинзи, карантини, патувања...Така што ова коронава на некој начин и добро им дојде, бидејќи имаат можност да го надополнат загубеното времето со децата, па и да се зближат повеќе.

Од дружба со бандити до благослов од Папата Римски

Нетфликс и другите титани на филмската продукција сериозно би можеле да подразмислат да снимат документарец или игран филм за животот и делото на Анхел Кореа, Аргентинецот од Атлетико Мадрид.

На Роналдињо и не му е така лошо во затвор

Играше фудбал, прослави роденден на кој му направија торта и еве го повторно се забавља на отворено. Значи не е постојано во “карантин“, односно во сопче два на два без решетки.

Најбрзиот гол во кариерата на Феноменот

На едно градско дерби против Атлетико Мадрид, гледачите на „Сантијаго Бернабеу“ уште не седнати на свои места, а Луис Назарио де Лима Роналдо направи-дар мар после само 14 секунди од стартот.

Од Ковид 19 само Белорусите во фудбал се поупорни

Ај што решија да му пркосат на вирусот кој ја нападна цела планета, туку царевите мртви ладни нова сезона стартуваа, а викендов го одиграа второто коло во кое се одигра дерби со полн стадион. Абе ич не им чуе. Игра и еден Филип таму со македонско потекло.

Единствениот претседател на држава кој не верува во корона и игра хокеј на мраз

Светот застана буквално: милијарди луѓе седат по дома, улиците се пусти, сите настани се одложени. Само едно место на планетата не се затвори така сериозно од коронавирусот - Белорусија.

Уште е 2. коло а веќе се случи промашувањето на сезоната во Белорусија

Фудбалот застана скоро секаде во светот, но не и во Белорусија каде викендов се одигра 2. коло од новото првенство. Најинтерсен момент се случи во 26' минута од мечот меѓу Ислоч од Минск и Смолевичи (1:0) кога Иван Верас ги насмеа сите што гледаа белоруско првенство.

Ја имаме најјаката формација во карантин

После две недели без фудбал ја имате сите, само не сте ја склопиле.

А фудбалот да прејде на нов систем со сезона од јануари до ноември?

Додека спортот и целиот социјален живот уште се на пауза поради вирусот, сите инволвирани во спортот мислат што понатаму. Истекна една многу симпатична идеја.

„Го гледам Роналдо на плажа, а тој ужива со пепељара на стомак“

Некогашниот репрезентативец на Англија и центарфор на Тотенхем и Ливерпул, Питер Крауч се потсети на моментот кога го запознал својот најголем идол во животот.

Голови на ракетен погон

Гомила прекрасни голови, бомби од далечина. Кога ќе легне на нога па ќе отиде накај агол, тешко на голманот.

Напредок и братот

Јебига, тоа ни излезе денеска на Јутјуб. Тековен спорт нема за лек.

Прав си друже, на сите ни фали

Ковид 19 ни должи четири реванши од осминафинале, потоа четврт, полуфинале и финале на ЛШ кое можеби ќе се игра на 27 јуни. Значи можеби. Паузата веќе е долга и сосема доволна за да се поднаучи нешто на таа тема.

Каков е новиот филм на Нетфликс за ултрасите на Наполи?

Цели 29 години навивачкиот свет чекаше на добар филм за италијанската навивачка сцена по нивен гушт. Последен ваков кој заслужи Оскар меѓу навивачите беше епскиот „Ултра“ од 1991-ва на режисерот Рики Тоњаци.

Реален тикет на колото

На местото на Барса, Ливерпул, Баерн, Јуве, Јанг Бојс и Митјиланд, за викендов имаме други шест сигурици кои за жал не можат да поминат со 50че уплата.

Црвено црната ерупција пуштена на најјако

Доста со жонглирање тоалетни, челинџи, седи си дома, остани си итн итн. Кога нема ништо за гледање, дајте да се потсетиме на нешто магично. 4 јуни 2019-та, во Скопје и никаде на друго.

Да се потсетиме на најчудните голови во Премиер лига

Во 90 минути фудбал во Англија ќе видиш врхунски голови, ама и многу чудни погодоци. Низ годиниве имаше циркус со тресење мрежи.

Германска свест: Баерн, Борусија, Лајпциг и Баер ги помагаат помалите со по 20 милиони

Најгобатите бундеслигаши решија да помогнат во борбата против вирусот, а покрај здравствените центри, ги помагаат и посиромашните клубови кои потешко се справуваат со последиците од Ковид-19.

Пандев: Како да сме на хорор филм, само полиција и амбулантни возила има надвор

„На 8 март игравме против Милан на гости во црвената зона. Мислам дека беше најголема грешка што дозволија да одиграме некои натпревари, без разлика што беа без публика. Има доста заболени играчи, кај нас секој ден доаѓа доктор да ни мери температура и да не прегледува“.

Листаш учебник за фудбал и стигнуваш до страна лоб удар

Роберт Пирес е синоним за шампионскиот Арсенал. Французинот беше еден од најдобрите играчи на генерацијата која правеше дар-мар по Англија. Во 2003-та година против Астон Вила ги постави нормите за лоб удар. 6:1, хет-трик,

Ако нема Тур Д'Франс, ќе има Тур Д'Балкон

Најпознатата велосипедска трка на светот, култната Тур Д'Франс требаше да започне на 27 јуни летово, но поради глобалната криза со вирусот Ковид-19 сè оди натаму и таа да се одложи како и сите други големи спортски настани.

Адеми заработува 657.000 евра годишно, а не сакал да чуе за кратење на плати

Управата на хрватскиот шампион Динамо Загреб решила да го отпушти целиот стручен штаб помошници на главниот тренер Ненад Бјелица, затоа што одбиле намалување на платите во текот на пандемијата од коронавирус.

А Ривалдо па серва си тепа и тоа сам

Како сам? Епа така, човекот си поштуе мерки и не се меша со луѓе. Има 47 години, држи линија, нема пивски мев и тера спортски живот.