Кобра полни 55 години, да се потсетиме на неговите два најслатки гола во кариерата

Да, најважен му е дефинитивно пеналот против Марсеј, вреден пехар во ЛШ, но на неговиот роденден се навраќаме на една соседско политичка битка која Панчев ја доби и пред камерите и на терен. Ги затна Грците со два мајсторски потези.

На Википедија на Дарко Панчев му стојат 116 погодоци, постигнати за Црвена Звезда (1988-1992), но и ден денес ако го прашање, сигурно ќе ви издвои два најслатки бидејќи се одмазнички.

На 4 март 1992-ра, белградскиот тим како европски првак гостуваше во Атина против Панатинаикос на меч од тогашниот Европскиот Куп на шампиони, кој таа година се преименува во Лига на шампиони.

На граница настанал проблем затоа што Грците не можеле да прифатат што нашата Златна копачка во пасош стои како Македонец, па го задржале подолго на граница,

Бранителот на европската титула на тоа гостување славел 0:2, а Дарко си заминал со две победи, првата ја остварил само што стигнал во Атина, а втората на терен каде ги закопал Грците со два комада кои не се забораваат.

Кога новинарите при влезот во земјата му побарале изјава, тој преку преведувачот само им рекол: Нема што да барате од мене, нели јас за вас не постојам? Гневни и испровоцирани, следниот ден го ставале по насловни.

По мечот Панчев изјавил:

„Постои една изрека дека среќата ги прати храбрите. Јас бев среќен да постигнам два гола пред 80.000 гледачи во Атина и Црвена Звезда да победи со 2:0. После тоа можеше земјата да се отвори и немаше да ми пречи“.

Двете мајстории на Кобра кој потоа 6-7 години не можел да извади виза.

И случката која ја раскажува самиот

Нека е среќен

7 септември 2020 - 16:35