Навид заедно со браќата протестирал против владата во 2018-та година, а сега двајцата браќа се осудени вкупно на 81 година затвор, а Навид на смрт со бесење (да, во Иран и натаму постои овој варварски чин). Тој е осуден наводно поради убиство на некои од присутните редари во жестоките протести кои избувнаа во 2018-та поради поскапување на цените на горивото. Навид тврдел дека признанието му било изнудено по страшно физичко измачување од полицијата.
Веста за одлуката на иранскиот суд го потресла светот, па од многу страни се апелира и моли Навид и браќата да бидат ослободени или минално казните да им бидат намалени.
Меѓу многуте организации за заштита на човековите права се огласи и првиот човек на УФЦ турнирот, Дена Вајт кој не останал по страна. Тој снимил видео на кое ги замолува властите во Иран и бара помош од претседателот на САД, Доналд Трамп.
Навид Афкари бил уапсен во август 2018-та година: во 5 часот наутро на врата насилно влегла полиција и без никакво објаснување ги одвела него и брат му Вахид, а после три месеци го собрале и третиот брат, Хабиб.
После две години рочишта и судења каде имало жестоки приговори, донесена е пресуда: Вахид добил 54 години затвор, Хабиб 27 години, а Навид страшна драконска казна на 2 смртни пресуди и 74 удари со камши пред бесилка.
Мајката на трите браќа трогателно се обратила преку видео порака до целиот свет за неправедноста на судот.
„Јас се викам Бахи Намжу, мајка сум на Навид, Вахид и Хабиб Афкари кои се уапсени во август 2018 година. Полицајците го мачеа Вахид физички и психички до тој степен што тој три пати проба да се самоубие. Господ го сочува Вахид со нас. А после дознавме дека со сила го терале да даде исказ против брат му Навид.
Организирано било неправедно сослушување на суд. Моите синови немаа никаква можност да се бранат. Против нив има многу обвиненија. Имаше само едно заседание на кое ниту се докажа вина, и веднаш беше поднесен приговор.
Јас не можев ниту да ја слушам казната за Навид. А на Вахид му дадоа многу години затвор. Барам од луѓето од цел свет, сите во Иран и секој кој може да го слушне моето обраќање, помош, за да невиноста на моите синови чесно биде докажана на суд“, рекла Бахи.
The mother of the 3 #Iran protesters has gone public to save the lives of her sons, after Navid was sentenced to death & Vahid & Habib were sentenced to 81 years in prison for protesting in August 2018. #StopExecutionsInIran#اعدام_نکنید#نوید_افکاری pic.twitter.com/Wm7LGeBPj4
— IRAN HRM (@IranHrm) September 1, 2020
Навид лично разговарал со луѓето од The Human Rights Activists News Agency (Агенцијата за човекови права). Им кажал дека сите изнудени признанија од него биле после мачење: го гушеле со пластични пакети и му пикале алкохол во ноздри.
Денес во цел свет се збори за семејството Афкари. На социјалните мрежи стотици милиони луѓе апелираат во поддршка на браќата, со цел Иран да им ги намали или целосно избрише казните.
Дена Вајт, првиот човек на УФЦ снимил видео на кое кажува дека му се јавил дури и на претседателот на САД Доналд Трамп за да помогне.
„Навид отишол на мирен протест во Иран и го затвориле поради тоа. Тоа го привлече моето внимание. Прво тој е човек. Второ, еден е од нас, може да стане еден од моите борци. Единствено што помислив е да му се јавам на претседателот Доналд Трамп и да видам дали може некако да помогне. Ми кажа: ќе видиме, дај да разговарам со мојата администрација и да видиме дали може нешто да се направи да му се спаси животот. Сакам да кажам дека смирно и со уважување барам од властите на Иран да ги прифатат приговорите и да го поштедат неговиот живот“, вели Вајт.
Набрзо потоа Доналд Трамп им се обратил на властите во Иран.
„До мене стигна информација за познат и популарен 27-годишен борец од Иран, Навид Афкари кој е осуден на смртна казна. А просто отишол на митинг против власта на улиците во Иран. Протестите биле за ужасно лошата економска ситуација и високото ниво на инфлација во земјата. Би сакал да им се обратам на иранските власти и да побарам да го сочуваат животот на овој млад дечко и да не го казнат“, напишал Трамп на Твитер.
Hearing that Iran is looking to execute a great and popular wrestling star, 27-year-old Navid Afkarai, whose sole act was an anti-government demonstration on the streets. They were protesting the “country’s worsening economic situation and inflation”...
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 3, 2020
Во меѓувреме властите одговорија дека Нафкари е осуден поради убиство на еден од чуварите на редот на протестите кои во Иран во 2018-та избувнаа поради порастот на цените на горивото. Тоа биле најжестоки протести во последната деценија во оваа земја.
Меѓународната федерација за заштита на човековите права со седиште во Лондон во јуни соопшти дека иранските власти имале 355 присилни признавања на вина во последната деценија, што властите во Техеран категорично го отфрлаат.