Селекторот Ангеловски се реши капиенот Горан Панддев да одмори на овој меч и да почне од клупата за резерви, но тоа не се одрази многу на крајниот епилог.
И без Пандев кој влезе во игра во 61' минута, нашите момци одиграа добро, а играч на мечот беше Елиф Елмас кој изнуди два удари од белата точка кои ги искористија Езѓан Алиоски и Илија Несторовски за 2-0 уште во првиот дел.
Во првите 45 минути гостите од Ерменија, кои ни се стари должници за ултра убедливиот пораз пред неколку месеци во последното коло од првото издание на Лига на нации, овојпат имаа пар шанси преку Карапетнај, но повратникот на голот кај нас, Дамјан Шишковски одлично интервенираше.
Во вторите 45 минути нашите фудбалери немаа баш посед и контрола како во првиот дел, па Ерменците како да се разгоропадија па створија неколку шанси, прво преку некогашниот лидер на Вардар Тигран Барсегјан, а потоа и преу Бабанјан, но Шишковски стабилно го чуваше голот.
Во самиот финиш токму Барсегјан од пенал, трет на мечот ги постави конечните 2-1.
Во второто коло од новата сезона на Лига на нации, избраниците на Игор Ангеловски веќе на 8 септември гостуваат кај Грузија во Тбилиси, селекција која што би можела да биде наш главен ривал во евентуално финале во плејофот за Европско првенство.
Грузијците играат против Белорусија, а Македонија е домаќин на Косово.