Offside

Некогашниот македонски репрезентативец Илија Несторовски кој врвот на кариерата го имаше во италијански Палермо каде од коло во коло даваше голови против големите италијански клубови, сега после неколку повреди се врати во Хрватска од каде го трасираше фудбалскиот пат. Игра за Славен Белупо и тоа како игра.

Златан ко Златан

На денешен ден пред 11 години, ПСЖ се пласираше во четвртфиналето на ЛШ откако го елиминираше Челси. Ибрахимовиќ доби црвен по половина час игра. Само он знаеше да даде ваква изјава.

Врвен гол во женски фудбал на Куп на Азија

Во последното коло од групната фаза на женскиот Азиски Куп, Кинески Тајпеј со 3-1 ја совлада Индија но голот што го постигнала Маниша Калјан за Индијките бил мајсторство.

Министерот за спорт на Иран: „Апсолутно немаме намера да играме на Светско во САД“

Неколку дена по почетокот на војната меѓу Израел и САД против Иран и неколку дена по медиумското нагаѓање дали фудбалската репрезентација на оваа азиска земја ќе игра на Мундијалот 2026 во САД, стигна одговор.

Легнувајте на земја, рој иде

Фудбалерите на Унион Кокле и Спортинг Сан Мигелито во фудбалското првенство на Панама исполегнале на земја откако ветер донел рој пчели на теренот. Почекале малку додека „армијата“ помине, па продолжиле да трчаат по топка.

Ѓоковиќ реагираше за несекојдневен потег на противник

Новак Ѓоковиќ ќе игра во осминафинале на Индијан Велс против Британецот Дрејпер, а во меѓувреме со Циципас испаднаа во натпреварите во двојки. Подобри од нив беа братучедите Артур Риндеркнеш и Валентан Вашеро. Во еден момент пред крајот на петтиот гем од првиот сет Риндеркнеш недозволено мавташе со рекетот за да му смета на Циципас. Ѓоковиќ реагираше и судијата им даде бод на Новак и Циципас.

Осимен трогнат од кореографијата на навивачите на Галатасарај

Една кореографија се издвои ова коло и општо сезонава во Лига на шампиони со едноставна, но многу силна порака. Ја спремија навивачите на Галатасарај, а ја посветија на Виктор Осимен, кој плачеше кога ја виде за време на химната. Паролата гласи „Ние сме фамилија, а фамилијата е сè“, а на фотографијата е токму Нигериецот со својата фамилија, како и со мајка му, која е почината одамна.

Почетино налетал на навивачи на Тотенхем во авион

Тотенхем ги преживува најтешките денови во поновата историја. Играат очајно во Премиер лига каде се на раб на испаѓање во втора лига. Во Лига на шампиони изгубија 5:2 од Атлетико Мадрид во 1/8 финале. Новата управа откако замина долгогодишниот сопственик Даниел Леви слабо го води клубот. Го поставија Игор Тудор за нов тренер а навивачите си го сакаат назад човекот кој ги вивна до финале на Лига на шампиони.

Гледач во Пула на идеално место

За време на дуелот во хрватската ХНЛ прва лига меѓу Истра 1961 и Горица (0:2), еден гледач имал супер место за гледање. Коментаторот во шега вели дека е можно да е некој од најавените гости, ловци на таленти.

Сте виделе ли кастрење на дрва во сред пренос?

Дај нека го исече некој дрвото, не можам да снимам пола терен ми го крие.

Што го чека Вардар 1961 до нов историски Фајнал Фор?

Ракометарите на Вардар 1961 под водство на Иван Чупиќ играат сјајна сезона. Први се од почетокот на сезоната во домашно првенство, активни се во борбата за пехарот во Купот на Македонија а ќе играат и во четвртфинале на Европската лига на ЕХФ.

Водиме 4:1, време е за гурманлук

Знае царот како да спои две задоволства: храна и фудбал. И ние би играле вака. Уште кригла пиво и на коњ е.

Гризман за потегот на Тудор: „Срамно е, си го ставил, издржи до крај“

Тотенхем игра една од најмизерните сезони во поновата историја на клубот. Овој гигант од Лондон е на раб на испаѓање од Премиер лига во втора лига. Во Лига на шампиони синоќа претрпеа дебакл 5:2 од Атлетико Мадрид. Некои голови одат на душа на младиот чешки голман Кински кој од непознати причини добил шанса од Тудор кој после 15 минути го извади од игра.

Кошмарната ноќ на голманот на Тотенхем во 1 минута

Антонин Кински е топ тема во ЛШ. Прими 3 гола во првите 15 минути од Атлетико Мадрид од кои два поради свои киксови, а потоа Игор Тудор го дотепа со потегот за што е жестоко критикуван од англиската јавност. Го извади во 17 минута со што уште толку му ја уби самодовербата. 22 годишниот Кински, кој е резервен голман, сезонава нема ниту еден настап во Премиер лига, а ова му беше деби во Лига на шампиони.

Дончиќ блеска, сам ја победи Минесота

Во време кога се разделува од својата вереница Ана Марија со која има две мали ќерки, Лука Дончиќ пружа одлични партии на паркетот. Синоќа запиша нов трипл-дабл учинок во триумфот на ЛА Лејкерс над Минесота Тимбервулвс 120:106.

Лудо славје на Комити и вардарци среде Германија

Вардар го растури бундеслигашот Мелсунген со 34:25, а тоа значи прва позиција во групата и директен пласман во Европската лига, каде ќе се сретне со подобриот од плејоф дуелот меѓу Монпелје и Елверум. Градот Касел виде како Македонците ги слават ракометните победи.

НБА сведочи нова историја, Бам Адебајо го урна рекордот на Коби Брајан од 81 поен

Мајами ноќеска гледаше нешто што се случува еднаш во неколку децении. Бам Адебајо постигна неверојатни 83 поени на мечот против Вашингтон Визардс. Само Вилт Чемберлен е пред него.

Аматерска грешка на голманот на Тотенхем, Тудор го извади во 17 минута

Тотенхем не знае кај тера сезонава. Загуби 5:2 од Атлетико Мадрид на првиот осминафинален меч од ЛШ. До 22 минута на семафорот стоеше 4:0. По третиот примен гол, Игор Тудор направи голманска смена и на местото на Кински го стави Викарио. 

Баерн и Атлетико ги отпишаа Аталанта и Тотенхем, Барса се извади во 95-та

Експлозија од голови во Бергамо и Мадрид, каде паднаа вкупно 14 комада, клучни за речиси сигурен пласман на Баерн и Атлетико во четвртфиналето од ЛШ. Јамал ја спаси Барселона со пенал во судиско, а Ливерпул загуби во Истанбул.

Лианко од Атлетико Минеиро изеде боксови од 7 фудбалери

Во Бразил уште е топ тема групната тепачка меѓу фудбалерите на Атлетико Минеиро и Крузеиро, која главниот судија ја реши со 23 црвени картони. Еден од играчите добил ќотек од 7 противници. Му ги изброија точно од кои му се.

Шведски навивачки пејзаж

Шведскиот фудбал веќе си изгради свој имиџ на трибините, брагодарение на прекрасните кореографии на навивачките групи кои се трудат да го извадат најдоброто од себе. Оваа компилација е само од 2025-та.

Распоредот на Манчестер Сити е боли глава

Европскиот фудбал влегува во двомесечна завршница, а тоа значи дека ќе се играат клучни мечеви во кои секој бод е важен. Погледнете со што се соочува Пеп на следниве 9 меча, во случај да го мине осминафиналето од ЛШ. Војна на 4 фронта.

18 годишен клинец ќе ви покаже како се шутира со фелш

Задок Јохана од Нигерија воодушеви со дрската соло акција и завршница во дресот на шведски АИК. Колку само махерски ја свитка на крај. Мајстор. А роден е 2007-ма.

Србин раскажува за скопското дерби во легендарната ,,Лименка"

Поранешниот српски кошаркар Владимир Филиповиќ во 2007-ма година пристигна во Македонија, каде во период од 8 години смени 7 екипи. Најдолго се задржа во Работнички со кој ги фати оние незаборавни градски битки против МЗТ во старата Јане Сандански. „Навивачите висеа како нинџи“, раскажува Филиповиќ.

Како да влезеш скришно на стадионот на Аталанта?

Следен пат нека го стават клучот под чергиче, никој нема да го најде.