Offside

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер го пребродија тешкото гостување во Индијанаполис и славеа 111:104 против Индијана Пејсерс со што го вратија брејкот и сега резултатот во финалната серија е 2:2.

Неверојатните одбрани на голманот на Јувентус против Сити

Манчестер Сити, клубот кој до скоро беше синоним за апсолутна доминација, сега е на праг на испаѓање од трката за следна фаза во Лига на шампиони. Јуентус го совлда Манчестер Сити со 2-0 со головите на Душан Влаховиќ и Венстон Мекени но јунак на мечот беше голманот Ди Грегорио кој правеше чуда против Халанд и другарите.

Оштетена ли е Звезда против Милан?

Милан ја забележа четвртата победа по ред во Лига на шампиони откако синоќа едвај во 87-ма минута се избори за 2-1. Домаќинот поведе со голот на Леао пред полувремето. Белграѓани израмнија со евроголот на Радоњиќ во 67-ма минута а во 87-ма резервистот Тејму Ејбрахам искористи една гужва во шеснаесетник и даде гол за 2-1. Сепак пред голот имаше 2 спорни моменти за прекршоци над фудбалери на Звезда кои главниот судија Манзано не ги досуди ни по консултација со ВАР собата.

Ново маестрално додавање на Јамал

Ламин Јамал не беше меѓу стрелците против Борусија Дортмунд, но повторно беше број 1 на теренот и го доби признанието за играч на натпревар. Кога е тој е на терен, Барса победува. Нова асистенција и нов мајсторски пас со фелш.

Проектилот на Радоњиќ со кој го замолчи Сан Сиро

По двата убави гола против Штутгарт, Немања Радоњиќ даде голчиште и на гостувањето против Милан со кое и даде надеж на Црвена Ѕвезда дека може до позитивен резултат против фаворитот. На поранешниот српски репрезентативец не му е непознато италијанското тло, бидејќи до скоро беше член на Торино.

Јувентус го бутна Манчестер Сити на 22-ра позиција, Барселона го освои Дортмунд

Фрчеа голови на вечерашните втори средби од 6. коло во ЛШ. 34 комада на 9 натпревари. Во дерби пресметките, големи победи остварија Јувентус и Барселона, Арсенал, Штутгарт и Феенорд славеа убедливо, а Црвена Ѕвезда загуби на Сан Сиро со гол во 87-ма минута.

Блескавата судиска кариера на Александар Ставрев, од Градски до Камп Ноу

27 години делење судиска правда од кои 19 меѓународна, над 1.000 домашни натпревари, 148 меѓународни, непристрасност, популарност, имиџ. Неговото име и презиме станаа поим за македонски судија. Му судеше и на Меси, а мечот го одработи чисто како солза. Ниту еден картон не извади.

Две страшни забивања во НБА, прво Гога Битадзе над Јанис па овој над него

Дваесет и пет годишниот Грузиец Гога Битадзе од Орландо Меџик синоќа му се изџилити на Јанис Антетокумбо и заби врз него. Гркот не чекаше многу и му врати. Милвоки Бакс на крај го доби Орландо Меџик 114-109. Џајлен Сагс беше најефикасен кај Меџик со 32 поени и 9 скока, а кај Бакс Јанис Антетокумбо прв стрелец со 37 поени и седум сока. Дамијан Лилард додаде 28 поени со девет асистенции а Боби Портис Џуниор уфрли 22 поени со 10 скока.

Вистина да ти било

Се појави вест која од првин делуваше дека е зафрканција и будалаштина, дека на тренинг на Манчестер Сити четворица фудбалери промашиле пенал на празен гол без голман. Фил Фоден, Џек Грилиш, Илкај Гундоган и Ерлинг Халанд. Ова не е шала веќе со Сити.

Сјајна одбрана на Алисон Бекер, како мачка се фрли

УЕФА прашува чија одбрана е најјата од синоќа, на Бекер или Куртоа? Погледнете и проценете сами. Инаку Бразилецот го мина Пепе и стана голман со најголем број натпревари за Ливерпул во ЛШ без примен гол. Не се гледаат секој ден вакви паради со две раце.

Пеп Гвардиола: „Сити ќе биде мој последен клуб, веќе нема да водам друг, можеби само репрезентација“

Еден од најдобрите и најтрофејните тренери на сите времиња, Јосеп Пеп Гвардиола минува низ необичен период за неговиот клуб Манчестер Сити кој се соочува со судски процес по 115 точки во кои го кршел финансискиот фер плеј во Премиер лига. А и резултатски не им оди како се навикнати.

Судија плачеше по мечот меѓу Лајпциг и Астон Вила

Ред Бул Лајпциг и Астон Вила го одиграа можеби најинтересниот натпревар во Лига на шампионите синоќа а истиот го добија гостите 2:3. По мечот едниот од помошниците судии почна да плаче.

Олисе ја изора цела украинска одбрана со се голманот

Баерн Минхен го почасти Шахтјор Доњецк со 5 парчиња на гости. Мајкл Олисе даде еден од пенал и еден од игра. Без пардон им влезе во шеснаесетник и на крај го седна на земја голманот.

Сине ти не можеш да доброиш јас колку сум освоил

Едниот син на Руни се вика Каи. Има 15 години и тренира во младинските категории на Манчестер Јунајтед, игра во шпицот, напаѓач како татко му. Искористил една прилика во клубот да го посети музејот посветен само на кариерата на големиот Вејн кој релативно рано на 31-32 години ја заврши кариерата. Каи на Инстаграм објавил видео од сите трофеи и признанија на татко му. На оваа социјална мрежа Каи го следат преку 290.000 луѓе.

Палмер слабо чита Википедија

Кол Палмер му даде два гола од пенал на Тотенхем, едниот со паненка. Знае да го искористи како трик удар од 11 метри, ама не знае од каде потекнува.

Магијата на Диего Марадона од аути

Со топка можеше сè, па дури и да танцува со неа кога ќе ја прими. Такво чувство, таков осет е вродена дарба, талент каков што се гледа на стотина години.

Видовте ли што промаши Аталанта во 94-та минута?

Лидерот во Серија А му пружи силен отпор на европскиот првак, а во второ полувреме и го надигра, но го плати цехот со слабата одбрана. Статистички беше и подобар со вкупно 20 удари спрема 10 на Реал или 9:6 во рамки на гол. Посед на топка 55%-45%. Може многу да жалат за утката на Матео Ретеги кој доби локум топка од Лукман.

Реал ја скроти Аталанта, ПСЖ и Баерн Минхен рутински

Во првата вечер од 6. коло во Лига на шампиони, Интер за првпат прими гол сезонава и тоа во судиско продолжение кај Баер Леверкузен и изгуби минимално. Реал Мадрид успеа да го преброди Бергамо, а ПСЖ покажа дека уште има што да каже до крајот. Бојан Миовски го пропушти мечот Жирона - Ливерпул поради повреда, а Стефан Ристовски и Аријан Адеми ремизираа со Селтик.

Прогресот на Аталанта под водство на Гасперини

Лидер во Серија А не е повеќе Наполи, ниту Интер, туку Аталанта која 14 меча не знае за пораз и гази со 9 победи по ред. Викендов го совладаа Милан, а претходно Наполи и Рома на гости. Вечерва на Бергамо го пречекуваат Реал Мадрид. Во 5 кола немаат загубено натпревар во ЛШ.

Жељко: На играчи како Дивац, Паспаљ, Бодирога требаше само еднаш да им се каже

Човекот со рекордни 9 титули во Евролигата, кој го има кренато трофејот со 5 екипи од вкупни 6 кои до сега ги водеше, во 1 минута кажува пар ствари за повеќе кошаркарски ликови. Со Богдан Богдановиќ имал војна на почеток во Фенербахче и се разбира го скротил.

Глуп, поглуп, Онана

Нема наука која може да го објасни празноглавието на некои фудбалери чиј тим страшно драматично брка гол за поволен резултат, а они во тие моменти прават глупости, се караат, се влечат, се тепаат и просто губат време. Манчестер Јунајтед изгуби дома од Нотингем Форест 2:3 во саботата вечер. Погледнете на што изгуби 20-ина секунди Андре Онана додека бркаа гол.

Џез, море, барка и Лацио - кој е човекот кој прави најголемо изненадување сезонава?

Рикардо, едно од трите деца на тренерот на Лацио Марко Барони игра за Албинолефе во Серија Ц. И тој не е единствен кој се чуди на неверојатните резултати на неговиот татко кој ги изненади баш сите, па дури и оние кои го избраа.

Крамањонец на сезоната во мак фудбал

Едгар Давидс, Џенаро Гатузо, Серхио Рамос, Пепе...Сите овие се нула за Илија Донов од Силекс, кој на играч на Вардар му влезе со две нозе, но ја промаши и топката и нозете. Многу лошо. Малку е црвен за ваква малоумност.

Синхронизираноста на Џеси Лингард и Кинезите

Поранешниот англиски репрезентативец кој најголем дел од кариерата ја мина во Манчестер Јунајтед, од февруари годинава е член на Сеул каде има 26 настапи и 6 асистенции. Новинарот Ли Сунгмо за него рече дека е најголемиот трансфер во историјата на јужнокорејскиот фудбал. Забавно им е.

Најјакиот спикер во Истанбул

Навивачите на Ајакс на времето му дадоа јак штимунг на светски познатиот хит на Гаја со тоа што го сменија рефренот и внесоа Tadic's on fire. Сега навивачите на турски Фенербахче го грмат исто хитот кога Србинот Душан Тадиќ ќе даде гол.