Offside

Конор Трејси води двоен живот - работи повеќе од 40 часа неделно во магацин на најголемата фармацевтско-ветеринарна компанија во Оукленд, Нов Зеланд, а во слободно време тренира и игра фудбал. Поточно брани. Голман е.

Редар со пендрек напаѓа навивач на Вардар пред дербито во Битола

Комити објавија видео од пред влезот на салата Боро Чурлевски на дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. На него може да се забележи член на обезбедување претворен во силеџија кој тепа луѓе со пендрек во очи на ракометниот празник. За какво одговарање и суспендирање од работа би се правело муабет, кога на полицаецот до него не му чуе.

Пречекот на Пеп на Етихад

Манчестер Сити има една победа, 2 нерешени и 8 порази на последните 11 средби, криза со која прв пат се соочува откако Пеп Гвардиола им е тренер. Но, навивачите не плукаат, туку ценат и му даваат поддршка на тренерот кој ги направи луѓе и им донесе 18 трофеи последниве 6 години. Го окуражија со прекрасна кореографија на која стоеше неговиот лик и напишаа „Повеќе од тренер“.

Дерби со кошмарски крај за Сити и Гвардиола

Продолжуваат фрустрациите за Пеп Гвардиола и Манчестер Сити. Го загубија градското дерби на пацерски начин, а водеа до 88 минута.

Антиќ пречекан во Белград со аплаузи и дрес од Црвена Ѕвезда

Црвена Ѕвезда го совлада Олимпијакос со 87:73, во 15 коло од Евролигата. Перо Антиќ беше во Белград за да ја гледа во живо пресметката меѓу двата негови поранешни клубови. Дресот на Звезда го носеше од 2005 до 2007 година и освои Куп, а за Олимпијакос во периодот од 2011 до 2013 година освои две европски титули. Од домаќините доби дрес кој го облече на лице место.

Српски навивачи на Реал му бараат фотка на Модриќ

Нека служи како уште еден фин пример после оној со коментаторот. Ѓоковиќ на пример и Хрватите ги бодри во фудбал.

Ајакс забрани гостински навивачи, ама тројца лацијали од Македонија влегоа на Јохан Кројф

Сегде нè има и често виси македонското знаме на натпреварите на Реал, Барса, Ливерпул, Милан, Интер, Јуве...Наши навивачи често патуваат во Лига на шампиони, ама и во Лига Европа. Тројца Македонци го бодреа Лацио среде Амстердам и тоа после забрана со остро соопштение на четири кратниот европски првак.

Србија, Албанија и Англија во иста група на патот за Светско

Денешната ждрепка за квалификациите за Светско првенство 2026 донесе две селекции кои имаат бурно минато повторно во иста група. Од прв шешир во групата К доаѓа силниот фаворит за прво место Англија, од втор шешир беше извлечена Србија а од трет дојде Албанија. Плус аутсајдерите Латвија и Андора. Натпреварите ќе се играат од март до ноември во групите кои имаат по пет селекции.

Милевски: Извлекувањето во Цирих ни носи надеж

Селекторот на македонската фудбалска рeпрезентација, Благоја Милевски ја искоментира квалификациската група за СП 2026. Фактите за Казахстан говорат друго.

Поволна ждрепка за Македонија во квалификациите за Светско, ги избегнавме гигантите

Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците за квалификациите за СП 2026 кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Имавме среќа.

Се сеќавате ли на Бабангида од Ајакс? Има претешка животна сторија

Тижани Бабангида има 51 година. На времето во 90-те и 2000-те години играше за Рода, ВВВ Венло и Ајакс. За тимот од Амстердам даде 20 гола на 77 меча. После беше малку и во Турција и во Саудиска Арабија. Во мај 2024-та во страшна сообраќајка во која бил и тој загинале син му и брат му а сопругата едвај преживеала и останала тешко повредена. Сега неговите поранешни клубови Венло, Рода и Ајакс организираат кампања за собирање пари за да го помогнат Баба.

Мика Ричардс раскажува како Салах се шлепал со него на тренинг

Има еден муабет за Игуаин, дека имал змија во џебот и додека играл во Наполи, за да не троши гориво, секој ден одел на тренинг со Пандев. Во 2015-та соиграчи во Фиорентина беа Мика Ричарс и Мохамед Салах. Смрди на истиот муабет.

Безобразен литвански новинар VS Итудис

Прославениот грчки тренер Димитрис Итудис го води Хапоел Тел Авив од Израел. Во Еврокупот му гостувале на литванскиот клуб Вулвс. После натпреварот некој литвански новинар мртов-ладен го прашал Итудис: „Сакам да ви поставам прашање важно за општеството. Како се чувствувате од фактот што за време на војната работевте во терористичката земја Русија?“ Итудис го опасуљи.

Акцииште на Лацио во три потези за најавни шпици

Слалом на Тавареш кој се проби како воз, пета на Чауна, голчиште на Педро. Лацио не престанува да импресионира сезонава и после 4 неверојатни дена во кои два пати го победи Наполи, се прошета во Амстердам каде славеше со 1:3. Педро продолжува да се забавува на 37 години и ова му е четврти гол сезонава во Лига Европа, плус има уште 3 во Серија А. Играчина.

Онана, по којзнае кој пат

Расмус Хојлунд, данскиот репрезентативец по којзнае кој пат го спаси Манчестер Јунајтед а Андре Онана по којзнае кој пат направи глупост. Така накратко може да се опише гостинската победа на Манчестер Јунајтед над Викторија Плзен 1-2 после пресврт. Домаќините поведоа преку Матеј Видра во 48' минута а Хојлунд направи пресврт во 62-ра и 88-ма.

Животинско царство на сред натпревар

Кучиња често влетуваат, по некоја мачка, гулаб и уште пар животни, ама ваква дружина не изненадила до сега.

Домаќински дијалог на српска фудбалска прес конференција

Навивач влетува на прес конференција на Раднички Ниш, тренерот се вика Ненад Лалатовиќ, а годината е 2018-та. Толку.

Де Роси vs Буфон со коментар на Бранко Илиевски

Телма на 9 декември прослави 28 години од формирањето, а кога ќе се спомене Телма, тоа не асоцира на Серија А и оние златни и никогаш недораскажани времиња од италијанско кое го коментираа Бранко Илиевски и Зоран Димевски, а подоцна и Стево Костовски. Ретрото сакаше да налетаме на еврогол од мега дуел меѓу Рома и Јувентус од сезоната 2009/2010.

Од трите најдобри одбрани во Лига на шампиони, две се на Полјаци

Дваесет и пет годишниот полски репрезентативен голман Радослав Мајецки од Монако синоќа против Арсенал имаше неколку бравурозни одбрани. Блескаше и неговиот сонародник Лукаш Скорупски (33) на дуелот Бенфика - Болоња (0-0) а и италијанскиот голман на Јувентус Ди Грегорио.

Како реагираше хрватскиот коментатор за спорниот гол кој го прими Ѕвезда?

Објективноста на хрватските коментатори кога работат преноси со српски клубови и обратно, често пати е предмет на дискусија и е доведена во прашање. Но, не е секогаш така. Медиумите знаат и да пумпаат на таа тема. Слушнете како Хрватот негодуваше за признаниот решавачки гол на Милан против Црвена Ѕвезда и отворено велеше дека мора да се поништи.

Слободниов удар на Штутгарт да го крстат шах-мат

Ако ви фалеа убави голови од синоќа, значи не сте гледале хајлајтс од Штутгарт кој му пукна петарда на Јанг Бојс. Не мора секогаш да се оди со нафрлување кога добивате слободен удар од страна. Тоа ќе ви го покажат Германците кои искомбинираа лесно и едноставно, благодарение на егзекуторот Крис Фирих.

Акробацијата на Мекени со која го дотолчи непрепознатливиот Сити

Манчестер Сити е во сериозни проблеми кои си ги зголемува од натпревар во натпревар. Кај примаат голови од кој стигнат, па уште и атракции им прават во шеснаесетник. Вестон Мекени си го направи ќеифот ептен.

Неверојатните одбрани на голманот на Јувентус против Сити

Манчестер Сити, клубот кој до скоро беше синоним за апсолутна доминација, сега е на праг на испаѓање од трката за следна фаза во Лига на шампиони. Јуентус го совлда Манчестер Сити со 2-0 со головите на Душан Влаховиќ и Венстон Мекени но јунак на мечот беше голманот Ди Грегорио кој правеше чуда против Халанд и другарите.