Пеп Гвардиола пак го победи својот ученик Артета, Сити до прв пехар сезонава

Фудбалерите на Манчестер Сити го освоија првиот пехар во сезоната откако го совладаа Арсенал во финалето на англискиот Лига Куп со 2-0.

Ова е деветти трофеј на Манчестер Сити во Лига Купот во нивната историја, а прв уште од 2021-ва година. Јунак на триумфот беше младиот 21-годишен Нико О'Рејли, дете на клубот и англиски репрезентативец.

Двајцата големи ривали на клупите на двете екипи кои некогаш беа соработници во Манчестер Сити каде Микел Артета долго време му беше помошен тренер на Пеп Гвардиола, ги извадија најсилните состави.

И двата тима веќе долго време се борат и за првото место во Премиер лига каде „топџиите“ за сега имаат 9 бода предност.

До 60' минута се беше мирно на преполниот „Вембли“ кога Сити направи блицкриг и за само неколку минути од 60-та до 64-та со два идентични гола со глава на бекот Нико О'Рајли го освои пехарот во Лига Купот.

Првиот гол на Сити беше по слаба интервенција на Кепа Аризабалага:

Вториот гол на Нико беше речиси ист како и првиот:

21-годишниот О'Рајли стана најмлад двоен стрелец во финале на Лига Куп уште од 2006-та година и Вејн Руни. А Пеп Гвардиола за прославата на вториот гол доби жолт картон.

Пред крајот на мечот Рајан Шерки ги мајтапеше фудбалерите на Арсенал откако жонглираше топка пред нив.

23 март 2026 - 08:40