Шпанска Ла Лига слави. Екипите од најсилното шпанско првенство му пратија силна порака на остатокот од континентот. Реал Мадрид, Барселона и Атлетико постигнаа одличен успех: три од три отидоа понатаму со вкупна гол разлика 20-9 против англиските екипи од Премиер лига.
Лига на шампиони повторно зборува шпански.
Реал Мадрид јуришнички го совлада Манчестер Сити и тоа на два пати. Повеќекратниот англиски шампион му стана редовен муштерија на Реал Мадрид. Убедливиот триумф на првиот натпревар во Мадрид со беспрекорна игра и одличен настап на реваншот во Манчестер значеше вкупна победа од 5-1 и пласман во четвртфинале.
Барселона се мачеше на првиот дуел со Њукасл во Англија кога домаќините играа напаѓачки и доминантно цел натпревар. Но Ламин Јамал постигна гол од пенал во последна минута и на Барса и донесе повелен резултат за реваншот.
А таму, на „Камп Ноу“ натпреварот беше сосема друга приказна. На терен имаше само една екипа. Иако гостите успеаа да израмнат на 2-2 во еден момент, до крајот примија 5 гола и Барселона славеше 7-2! Вкупен резултат 8-3!
Атлетико Мадрид дома си ја заврши работата. Со убедлив триумф од 5:2 го развали Тотенхем и на реваншот иако англискиот состав се бореше до самиот крај, Атлетико успеа да се пласира понатаму со вкупен резултат 7-5!