Лука Дончиќ игра во неверојатен ритам. Откако блескаше на изминатите неколку натпревари и во серија бележи фантастични бројки, синоќа на Мајами Хит му даде 60 поени со шут 18/30 од игра (9/17 погодени тројки) и 15 уфрлени слободни фрлања со 7 скока, 3 асистенции и дури 5 украдени топки.
Со овој подвиг Дончиќ влезе во историјата и вечната листа. Тој стана седми играч во историјата на ЛА Лејкерс кој уфрлил најмалку 60 поени на еден натпревар па влезе во друштво на Коби Брајант, Вилт Чембрлен и Шекил О'Нил.
Оваа експлозија на Дончиќ доаѓа само вечер откако постигна дури 40 поени против Хјустон Рокетс кои Лејкерс ги победи два пати во кратко време. Со ова Дончиќ стигна до 100 постигнати поени на два натпревари и тоа со исклучително висок процент на шут.
Лука притоа ги замолкна сите критичари, игра во животна форма и го потврди статусот на еден од најдобрите кошаркари на денешницата. Лејкерс со него делува на екипа која може да победи секого и секаде.
Одлична вечер имаше и Леброн Џејмс со трипл-дабл: 19 поени, 15 скока и 10 асистенции. Додека Дончиќ решаваше напади, Леброн организираше игра, собираше скокови и ја држеше екипата кога требаше „да се застане на топка“. Остин Ривс одигра важна улога со 18 поени а Маркус Смарт покажа дека е важна карика во Лејкерс сезонава.
Кај Мајами Хит најефикасен беше Бам Адебајо со 28 поени и 10 скока, Тајлер Хиро додаде 21 поен а Норман Пауел 20 поени.