По една бизарна ситуација, ампутиран дел од прст на фудбалер на Галатасарај

Во 76' минута од натпреварот меѓу Ливерпул и Галатасарај кој заврши 4-0, на „Енфилд Роуд“, холандскиот репрезентативец и довчерашен соиграч на Елиф Елмас во Наполи, Ноа Ланг спонтано се фатил за една светлечка реклама зад едниот гол. Се испоставило дека толку тешко го фатил и повредил прстот што долго време лежеше, се собраа сите присутни лекари, го изнесоа со носилки и му ставиле кислородна боца. Сега БиБиСи пишува дека имал операција и дека му ампутирале дел од повредениот прст.

Некогашниот голгетер на Глазгов Ренџерс а сега стручен коментатор за ТНТ Спортс Ели Мекојст бил шокиран од настанот: „Веднаш се виде дека во прашање е сериозен проблем. Една девојка беше во близина, не сум сигурен дали е фотографка или некоја од волонтерите, да и го видовте лицето и начинот на кој реагираше, беше престрашена кога го виде“. 

Луѓето од УЕФА, делегатот и луѓето од Ливерпул отишле на лице место да проверат како се наместени рекламите и дали е безбедна зоната која на „Енфилд Роуд“ е како дупка зад головите:

Извештај од натпреварот тука.

19 март 2026 - 11:24