НБА центар од Грузија му го навредувал семејството на Дончиќ

Лука Дончиќ игра во животна форма во НБА лигата. Синоќа постигна 33 поени во триумфот на ЛА Лејкерс над Орландо Меџик 105:104 а пред крајот доби техничка грешка, исклучување и суспендиран е за првиот следен натпревар на Лејкерс. Поради тоа што се побунил зошто центарот на Орландо Меџик го пцуел.

Во драматична завршница ЛА Лејкерс победија со кош во последната секунда на Лук Кенард кој уфрли на 0,6 секунди пред крајот.

Лука Дончиќ имаше 33 поени, 8 асистенции, 4 скока и 4 украдени топки.

Со овој учинок Дончиќ стигна до 133 поени во последните 96 часа. Тој ја продолжи серијата започната на 19-ти март кога против Хјустон уфрли 40 поени, а ден потоа постигна рекордни 60 поени против Мајами Хит (влезе на вечната листа на Лејкерс на играчи кои дале најмалку 60 поени на еден натпревар заедно со Коби, Шекил, Вилт Чемберлен).

Натпреварот ЛА Лејкерс - Орландо Меџик синоќа мина во сенка на расправијата меѓу Грузиецот Гога Битадзе од Орландо и Дончиќ. Лука ја заработи 16-ти техничка грешка во сезоната, беше исклучен и ќе го пропушти дуелот со Детроит во понеделник.

Дончиќ на прес-конференција после мечот појасни дека Гога Битадзе кој играше во Мега во АБА лигата, сега на српски му го пцуел семејството на Дончиќ додека овој се спремал да изведува слободни фрлања.

22 март 2026 - 11:23