Offside

Зеленортските Острови играат чудесно историско Светско. Ниту победија, ниту загубија натпревар во групната фаза и како дебитанти стигнаа до сензационален пласман во нокаут фаза. Тие се најмалата земја во историјата која успеала да стигне до ваков успех. Шпанија го испрати Уругвај дома.

Ај соберете се, срамота е и тренерот ви се смее

Фудбалерите на Маритимо победија 2:1 против Тондела во второто коло од првата португалска лига. Овие штом во второ коло го прават овој циркуз, да паднат во некое финале и тие од клупа ќе легнат. Па и музичево како си лежи.

Даер отиде во тоалет на сред меч, Мурињо го враќаше

И покрај тоа што Мурињо се жалеше на густиот распоред и реши против Челси во Лига Купот да одмора неколку првотимци, на крај Спарс по регуларниот дел кој заврши 1:1, победија на пенали 5:4. Интересен момент беше кога Ерик Даер на сред меч истрча во тоалет под трибините а Мурињо по него.

Тоти се сретна со девојчето кое се разбудило од кома на негов глас

Легендарниот капитен на Рома отишол во болница каде престојува младата Илена Матили, инаку фудбалерка на Лацио која навива за Рома. Таа се разбудила од кома кога ѝ пуштиле видео порака од Тоти. Ческо денес ја посетил.

Него со женскиот фудбал нешто да се направеше?

Непријатна глетка од резултатите на нашата женска фудбалска репрезентација, тема од каде се двојат само клупските успеси на Наташа Андонова. Веројатно не сме до толку дрва и сè може нешто повеќе од вакви резултати како за Андора и Сан Марино. Немаат пораз испод 6:0.

ДР Конго може да направи 3 селекции со играчи кои играат за Франција, Белгија и Швајцарија

Мошне е долг списокот на репрезентативци на трите европски земји кои потекнуваат од африканската земја. Доколку решеле да играат за својата земја која преживеа трагедии од епски размери со граѓански војни, ДР Конго би имал топ селекција.

Правилото според кое сезонава ќе гледаме многу повеќе пенали во Премиер лига

Англиските критичари остро ги нападнаа новите критериуми за пенал од игра со рака. На Серија А тие ланска сезона и донесоа 57 удари од бела точка, на Ла Лига 48, а Премиер лига имаше 19 ама тераше по старо. Од оваа сезона ако сакаат помалку пенали, рацете на газ.

Пеп на одбрана троши буџет каков што немаат некои министерства за одбрана

Долг е списокот на одбранбени фудбалери кај Пеп Гвардиола. Последен кој го засили тимот е 23-годишниот стопер на Бенфика Рубен Диаш кој на „Етихад“ доаѓа за страшни 68 милиони евра и евентуални 3,3 милиони евра во вид на бонус од успешни настапи.

Не е добра оваа фотка од дуелот Наполи – Џенова

Веста за 14-те позитивни во Џенова може да ги искомплицира работите во Серија А, се надеваме не и во нашиот национален тим, а после овој дуел меѓу двајца играчи од спротивен табор, какви ли ќе бидат резултатите кај Наполитанците и општо, како ќе тече фудбалот?

Леброн сонува да игра со син му во НБА, малиот веќе заработува милиони долари годишно и планира драфт

Брони Џејмс е првото дете на Леброн Џејмс. Малиот е роден во октомври 2004-та година кога Кралот Џејмс уште не дебитираше на Ол-Стар мечот, а сега веќе се зборува за нивна можна средба на НБА паркетите.

Навивач на Мајами стави маска, репортерката му ја извади

Навивачите на Мајами Хит го славеа пласманот во финалето на НБА каде се среќаваат со Лејкерси. Новинарка известува во живо и кешки да си останеше на тема кошарка. Се скина од извинување и сега стрепи да не ја набркаат од работа.

Играш фудбал и наеднаш папагал ти слетува на грб

Сме виделе разни животи како влетуваат на терен како на пример маче, куче, крава (во Македонија), ама од каде папагалов на натпревар од хрватската втора лига? 

Лудиот подвиг на планинарот кој 24 часа се качуваше на Водно

Како тоа 24 часа? Епа вака: 20 пати се качил од средно до врв и поминал 84 километри на Водно СО ТРЧАЊЕ и со тоа искачил 9600 метри висинска разлика. Јасно?

Како Зидан го сочека Лука Модриќ да го заврши ритуалот

Реал Мадрид се спаси на мечот против Бетис во саботата, по негатива од 2-1 го сврте резултатот 2:3 и победи. Во првиот дел имаше еден интересен момент кој камерите го забележаа.

А сте го виделе ли Дибиров со баскет в рака?

Знаеме дека е мајстор за куцање, ама со ракометна топка во гол на крилна позиција. Не знаевме дека го бива и за вакви НБА егзибиции.

Неуништлив

Неговата ѕвезда е побледа, но нема да згасне кога ќе ги закачи копачките на клинец. Пандев е на некој начин како тврдината на Царевите кули што ја надгледуваат неговата Струмица, неуништлив доказ за долговечноста и прилагодувањето во разни околности.

Подобро Пеп да не го гледа инсертов со Рубен Диаз

Британските медиуми на големо пишуваат за новото ултра засилување на одбраната на Манчестер Сити. За 65 милиони фунти од Бенфика доаѓа стоперот Рубен Диаз за кого и комичните твитер профили почнаа да прават пародија. А Пеп по дебаклот од Лестер (2:5) изјави дека клубот ништо не му кажал за овој трансфер.

Со 16 години стана рекордер, со 17 веќе решета за Барселона

Навивачите на Барселона поминаа низ бурно лето, па никој не знаеше каков однос ќе има Меси после турбулентните месеци, каков ќе биде нападот без Суарез, ќе седи ли Куман на клупа во првото коло против Виљараел кој го води Унаи Емери итн.

Страхиња Милиќ едвај се движи од дебелина

Еднаш го суспендираа во Вардар со ултиматум да ослабе ако сака пак да брани, па се врати шланг, ама проблемот е што повторно без осет се удри на јадење и следуваше раскин на договорот. Еве го сега во дрес на Партизан. Медвед.

Ревија убави голови во Јапонија

Во најдобрата фудбалска лига на Јапонија Џеј-лига, се одиграа 20 кола, а во последните неколку рунди паѓа дожд убави голови. Скоро и да нема натпревар без 2-3 гола и со исто толку ефектни мајстории.

Емотивниот викенд за фамилијата Инѕаги

Несекојдневни и уникатни се овие сцени, двајца браќа да се тренери во иста лига, па уште и да им се падне на првиот меч да играат во ист термин. Мислите им бегаат еден кај друг, а најтешко им дома на родителите, кои истовремено се екстра горди.

36-годишниот Игудала беше на чекор од пензија, а сега ќе игра 6-то финале на НБА по ред

Мајами Хит го совлада Бостон Селтикс со 125:113, победи во финалето на Истокот со 4-2 во серијата и закажа мега дуел со ЛА Лејкерс за шампионска титула во НБА.

На Дејан му е омилено кога си ги работи по двајца

И покрај тоа што конкуренцијата е голема и Пирло може да состави две екипи, младиот Кулушевски фати место во прв тим, барем во првите две кола. Во првото дебитираше со гол, а синоќа против Рома си поигра со двајца. Ти го мислиш тромав и бавен, ама оди земи му ја. Многу е снаодлив и непредвидлив.

Се сеќавате ли на Бојан Кркиќ?

Њујорк Ред Булс го преслуша Монтреал Импакт со 4-1 а за овој меч се збори поради евроголот на Бојан Кркиќ за гостите. Некогашното златно дете на Барселона и шпанскиот фудбал од неодамна е член на Монтреал од Канада.

На што спадна Пипита Игуаин

Гонзало Игуаин имаше деби за заборав за новиот тим Филаделфија во МЛС. Ај што изгубија 3-0, туку Аргентинецот рогна еден пенал небо под облаци па му се сипаа некои анонимуси, па се тегнеше со нив.