Баерн го размонтира Лацио, Жиру со чудесен гол го урна Атлетико

Како на лесен тренинг, европскиот шампион се прошета по „Олимпико“ во Рим и си поигра со шестопласираниот тим во Серија А. Во Букурешт, каде Атлетико Мадрид беше условен домаќин против Челси, францускиот репрезентативец го реши мечот со спектакуларни ножички.

Иако во главниот град на Италија допатува без Серж Гнабри, Томас Милер, Даглас Коста, Бенжамин Павар, Корентин Толисо и Нубел, Баерн Минхен забележа висока победа и речиси е прв сигурен четвртфиналист. Лацио играше без стандардните Луис Фелипе и Стефан Раду.

Интересно, на 3 дена пред својот 18-ти роденден, бисерот на Баерн Минхен, Џамал Мусиала го постигна првиот свој гол во Лига на шампиони со само 17 години. Тој е роден во Штутгарт од татко британски Нигериец и мајка Германка а игра за Англија У-21.

Атлетико и Челси играа во Букурешт поради тоа што Шпанија и други европски земји забранија влез за британски државјани по откривањето на новиот сој. По голема борба, „сините“ од Лондон победија со 0-1 со евроголот на Жиру со ножички кој прво беше поништен поради наводен офсајд па потоа признат како регуларен погодок.

Лига на шампиони, 1/8 финале, први натпревари:

ЛАЦИО - БАЕРН МИНХЕН (0:3)
/Кореа 49'- Левандовски 9', Мусијала 24', Лирој Сане 42', Ачерби 47'/

АТЛЕТИКО МАДРИД - ЧЕЛСИ 0:1 (0:0)
/Оливие Жиру 71'/

23 февруари 2021 - 22:51