Златан: Се случува, се случува повтори Златан како одговор за слабото издание против градскиот ривал, рече дека направиле многу грешки и го праша водителот колку имам сега вакви?
Водителот: Мислам шест.
Златан: Ама важно не го држам јас рекордот така?
Водителот: Да не те деконцентрираше таа плавата што беше доле на терен? Мислејќи на водителката Дилета Леота со која инаку тој сними реклама.
Златан: Не не, навикнати сме.
Водителот: Ти си татко, капитен на Милан иако во пракса не си, сите сметаат на тебе.
Златан: Имам 25 деца и уште 2 во Шведска. Треба да се однесувам како татко, така што ќе се погрижам јас за работите.
Ибра за возврат му подари дрес.