Offside

После сите повреди од кои дури шест сериозни, сомнежи и перипетии дали треба да игра на Светско, како и бескрајни часови работа, тој се врати на најголемата фудбалска сцена за уште еднаш да ја претставува својата земја.

Колку играчи на Сиваспор во бели дресови гледате на снегов?

На мечот Истанбул Башакшехир - Сиваспор (1:1) во турската Суперлига се било во ред до 20' минута, но почнал да паѓа снег па гостите едвај се познавале со бели дресови.

Совршено деби на Харден за Бруклин, се крои ли шампионско трио?

Откако конечно после неколку години му се оствари желбата да замине од Хјустон и да заигра во друг тим, Џејмс Харден синоќа дебитираше за Бруклин Нетс во победата над Орландо 122:115. „Брадата“ уфри 32 поени, имаше 14 асистенции и 12 скока.

Тони во елемент и за одбојкарите

По успехот на фудбалерите, честа да ги испрати на Европско повторно ја имаше Тони Стојановски кој одново блесна со емотивен говор во свој стил. Имаме две видеа.

Екипа со два озбилни играчи, сè друго не би играло во четврта француска лига

Не е срамота да се изгуби, него како се губи е муабет од кој треба да се тргне со правење анализи и стратегии за иднината на македонскиот репрезентативен ракомет.

Очобол партија на македонските ракометари

Не ни сакаме да помислиме што ќе беше ако завршевме во група со Франција и Норвешка, каде за малку ќе влетавме на местото на САД. Живи бруки сме за гледање, а со оваа игра не сме фаворити ни против од Чиле.

Лудница во соблекувалната на Лацио

Римското дерби во Италија важи за натпревар на сезоната, посебен од сите други. Ако го добиеш си херој, ако го изгубиш лузер, па цела година ќе те ребрачат. Се слави како да си освоил ЛШ.

А пивотот на Конго што го хранат со лавјо месо

Братот Готие Мвумби Тиери е роден на 15 мај 1994 година во Франција од конгоански родители. Игра за клубот Dreux AC во 4-та лига на Франција. Висок е 1.92 а за тоа колку е тежок оставаме на ваша слободна проценка. Викаат 110, ама радо би се кладеле на повеќе.

Експлозивниот настап на Џордан со 19 поени за 6 минути

На 8 минути до крај Чикаго Булс губи од Ванвувер со 8 разлика, а на Мајкл не му оди, има само 10 поени и седи на клупа. Ама мустрата Фил Џексон знае чудо од човек тренира, го става во игра и ги прави попара.

Клатенбург тврди дека Клоп е лицемерен, ама дека Јунајтед стварно добил повеќе пенали

Во недела се игра најголемото дерби на англискиот фудбал: Ливерпул - Манчестер Јунајтед, а главна тема деновиве е судењето.

Да му веруваме на Жарко

„Тажни сме после овој пораз од Шведска, но сметаме дека ова е само лош ден за нашиот тим“, вели Жарко Пешевски кој би било одлично да е во право и демантот за критиките на нашата игра да стигне уште утре против Египет.

Манасков: Македонија не ми делува подготвена, а играта комплетно се сведува на Лазаров

„Оваа игра не ми дава за право да кажам дека сме фаворити против било кој противник. И Шведска е десеткувана и е буквално без првиот состав, а како одиграа“.

Поплава на американски таленти по Европа, се острат за Светско

Фудбалската јавност не би требало да биде неспремна за бранот американски бисери кои во најскоро време би можеле да блеснат на големите натпреварувања.

Какво голчиште на дербито во Холандија

АЗ Алкмар со 1-3 го урна ПСВ во Ајндховен и ја продолжи борбата за врвот. Два од трите гола за гостите даде капитенот Теун Компејнерс. Првиот од пенал, а вториот чудесен.

Приказна за пеколното детство на Карлос Тевез во опасниот реон Фуерте Апаче

Фудбалот наскоро ќе остане и без еден од најголемите асови на оваа игра. Човекот кој можеби од сите познати ѕвезди имал најтешко детство, растен без убиениот татко и мајка му која го оставила како бебе.

Се сеќавате ли на Хименез?

И да сте подзаборавиле на него е нормално затоа што веќе 10 години како не е дел од европскиот фудбал. Смени неколку арапски екипи, а од лани е на своја почва во чилеанскиот прволигаш Палестино. На 36 години се отвори со ножички, а во истата акција претходно за влакно испушти чудесија од гол.

Јокиќ: Шек тоа е на руски, а јас сум Србин

Нова доминантна партија на Никола Јокиќ кој оствари трип дабл со 23 поени, 14 скокови и 10 асистенции, а Денвер славеше против Голден Стејт со 114:104. Србинот беше во центарот на вниманието, ама и Шек кој во обид да му каже браво за играта на неговиот мајчин јазик, тој на руски фати.

На Швеѓаните па им ја утнаа химната

Му рипна цедето на Диџејот а?

Емоциите на младиот Танкоски - солзи за време на химната

Гордоста на Стружани, 22-годишниот Марио Танкоски дебитираше на Светско првенство. Постигна 2 гола против големата Шведска, а пред мечот имаше силен наплив на емоции за време на химната.

Гениј е гениј и на 40 години

Колку е тешко само да се замисли, а не да се постигне: Кире Лазаров стана единствениот ракометар на светот со голови во 4 децении на Светски првенства. Првиот погодок на Мундијал го даде во 1999-та во Египет, а вечерва во истата земја после цели 22 години одново стрелаше прецизно.

Врвниот цепелин на Кире и Кузмановски за утеха

Македонија со тежок пораз од 12 гола разлика го започна седмото учество на Светските првенства. Шведска беше далеку посилна од нашите млади ракометари предводени од легендите Лазаров и Стоилов. Во 60-минутно сивило на нашата селекција, имаше и моменти за поздравување. Како цепелинов на Кире и Кузмановски.

Тежок пораз на стартот, Шведска пресилна за младата Македонија

Подмладениот тим, без Дејан Манасков, Гоце Георгиевски и Борко Ристовски, предводен од капитенот Лазаров и Стојанче Стоилов го забележа првиот пораз на Светското првенство 2021 во Египет. Убедливо изгубивме 32-30 (16-11) од 4-кратниот светски првак.

Ангеловски: Како што ветив пред јавноста, националниот интерес го ставив пред личниот

Управниот одбор на ФФМ го потврди новиот договор со селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски кој сосема заслужено ќе ја води на дебитантското Европско првенство.

Чилеанска дибировка

Египет синоќа домаќински со 35 комада и победа над Чиле од +6 го отвори 27-то Светско ракометно првенство. Но голот на мечот го постигна еден од поразените играчи со магија каква што обично гледаме во Јане Сандански.