На мечот Унгарија - Португалија (0:3) се зборуваше прво за 67.000 гледачи (полн капацитет), но во официјалниот протокол на УЕФА стои дека на стадионот имало официјално 55.662 гледачи што исто е фантастична бројка во пост-пандемија.
Стадионот „Ференц Пушкаш“ е единствен на ова Европско првенство каде е дозволена толкава масовна посетеност. За споредба, на „Вембли“ во Лондон во неделата мечот Англија - Хрватска го гледаа 18.500 гледачи.
Во Будимпешта за да можеш да купиш карта и одиш на фудбал треба да поседуваш неколку работи:
- потврда за вакцинација
- да дојдеш во точен временски интервал назначен на картата со цел да се избегнат гужви
- да носиш маска но само додека не седнеш на свое место.
Како резултат на ова добивме прекрасна глетка на полн стадион, нешто на што скоро да се одвикнавме во година ипол.
ДАЛИ ВО УНГАРИЈА ПРОГЛАСИЈА ПОБЕДА НАД ВИРУСОТ?
Во март годинава во Унгарија имаше страшен бран со по 10.000 позитивни случаи дневно, но како се приближуваше летото бројките паѓаа. Сега дневно бројките на нови случаеви се движат од 50-200 заболени.
Во Унгарија веќе повеќе од половина население примило две дози вакцини и по тој показател државата е меѓу лидерите во Европа. Унгарците одобрија дури 7 вакцини (повеќе од која било друга земја во Европа) меѓу кои имаше и руска и кинески и индиска вакцина.
Во однос на прашањето зошто унгарските фудбалски репрезентативци не се согласија со акцијата клекнување на колено што едно време беше гест за борба против расизам, од таму велат:
„Нам ни е тоа многу неубаво. За тоа нема места на стадионите, спортот е нешто друго. Смислата на тој гест е определена од културни особености кои кај нас се поинакви. Унгарците клекнуваат на колено само во три случаи: пред Бога, пред татковината и кога бараат рака на својата сакана. Клекнување на колена има во земјите кои имале робовладетелство, а ние никогаш не сме се занимавале со тоа така што не гледаме важност“.
УНГАРИЈА - ПОРТУГАЛИЈА (0:3) - КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ДО НОВ ГОЛЕМ РЕКОРД