Пред повеќе од 60.000 гледачи на преполната „Пушкаш Арена“ во Будимпешта Португалија дојде до водство во 84' минута по еден рикошет после шутот на бекот Рафаел Гереиро.
После настапи Кристијано Роналдо. За само пет минути фудбалерот на Јувентус постигна два гола. Прво од пенал а после по одработена акција за конечни 0-3.
Роналдо со овие два гола стана најдобриот стрелец во историјата на Европските првенства и сега има 11 погодоци. Претходниот рекорд го држеше Мишел Платини со 9 (постигнати на само едно Европско - она во 1984-та).
Cristiano Ronaldo becomes the first men's player in history to play in five European Championships 🇵🇹 pic.twitter.com/i4HJVMq5Zy
— ESPN FC (@ESPNFC) June 15, 2021
Кристијано е рекордер и по бројот на одиграни Европски првенства - дури 5. Не пропуштил Евро уште од 2004-та, а рекордер е и по бројот на победи на Европски - 11 (ги надмина Сеск Фабрегас и Андрес Иниеста).
Кристијано на Евро 2004 даде 2 гола, во 2008-ма - 1, во 2012 - 3, во 2016 - 4, во 2021 веќе 2 на стартот). Одиграл досега 22 меча на Европски првенства (2004 - 6 меча, 2008 - 3, 2012 - 5, 2016 - 7, 2021 - за сега 1).
До крајот на ова Европско Португалецот би можел да го урне и рекордот по број на асистенции на Карел Поборски а за такво нешто му требаат уште само 2 асистенции.
Може да го урне и подвигот на Буфон во статус на капитен на едно Европско. Џиџи има 12 а на Роналдо му требаат уште два меча за такво нешто.
Би можел да стане и рекордер по број на одиграни финалиња. Веќе има 2 и му треба уште едно за да ги надмине сите шпански репрезентативци од 2008 и 2012.
Кристијано сега има 106 гола за Португалија и ја продолжува потрагата по рекордот на Али Даеи за да завладее и на листата рекордери по број на голови за својата репрезентација.
Унгарија е редовен муштерија на Роналдо. Тој досега им дал четири од последните пет гола на големите турнири. На Европско 2016-та во последното коло им даде два гола кога завршија 3:3. Толку постигна тогаш и Унгарецот Балаш Џуџак.
Што се однесува до Мундијалите, Роналдо таму има 18 гола и на тој список го надмина Герд Милер кој има 14 гола и 4 асистенции а Мирослав Клозе е лидер со 16 гола и 3 асистенции.