Offside

Во најдраматичната сезона во историјата на македонската ракометна Суперлига, Пелистер го совлада Вардар на гостински терен среде Скопје 30-32 (17-15) и ја освои шампионската титула во последното коло!

Андре Ширле на -19 гол на планина

Меѓу фудбалерите отсекогаш имало секакви приказни, ама онаа на некогашниот светски шампион со Германија Андре Ширле е баш интересна. Тој по богатата кариера во Мајнц, Баер Леверкузен, Челси, Волфсбург, Борусија Дортмунд, Фулам и Спартак Москва, реши рано да ја заврши играчката приказна и да се посвети на нешто друго. Тој планинари во сурови зимски услови, соблечен до гола кожа на минусни температури.

Време е за Светско првенство, Македонија е спремна

Од денес 14-ти јануари па сè до 2-ри февруари на програмата ќе биде 29-то издание на Светско првенство во ракомет кое ќе се игра во Скандинавија и во Хрватска. Фаворити и натаму се Данска, Франција, Шпанија, Шведска, Норвешка. Македонија ја чекаат тешки борби.

Игра на кадри на дербито Реал Мадрид - Барселона

Саудиската публика, а нормално и странци кои го гледаа големото дерби Реал - Барса во финалето на шпанскиот Супер Куп, уживаа во седум гола,  многу дриблинзи, шанси, но и во реакции по кадри на видео бимовите.

Милина на денот со Сон од Тотенхем

Триесет и две годишниот Кореец веќе 10 години е во Тотенхем за кого на 320 меча има 125 гола. Капитен е на екипата и права легенда на клубот. За својата земја на 130 настапи има 51 гол. Сега му ги прикажуваа најубавите моменти од неговата кариера и ги коментираше. Во 2020-та година доби вредна награда „Ференц Пушкаш“ за најубав гол на светот таа сезона.

Гол со глава од земја

ФА Купот натпреварот меѓу Милвол и Даг енд Ред кој заврши 3:0, донесе необичен и ретко виден погодок. Го постигна 20 годишниот Србин, Михаило Ивановиќ. И Оливер Бироф му се чуди на потегов.

Како тоа изгледаше на времето меѓу Рој Кин и Виера?

Во време на најголемо ривалство меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед, кога двата клуба доминираа со англискиот фудбал, капитените на двата тима, Патрик Виера и Рој Кин водеа жестоки битки на и надвор од теренот. Често се фаќаа за гуша.

Сјајната асистенција на Кунде до Рафиња од друг агол

Барселона го развали Реал Мадрид со 2:5 во големото финале на шпанскиот Супер Куп кое се играше во Саудиска Арабија. Рафиња беше играч на мечот, заслужено зошто постигна два прекрасни гола и беше диригент на играта на Барса.

Кога ќе тргне Кубо во контра толку е

Во понеделничката фудбалска понуда, освен италијанска, имаше и една шпанска средба во која Реал Сосиедад освои важни 3 бода против Виљареал. Целата работа ја заврши, кој друг ако не Такефуса Кубо, кој го претрча цел терен и потоа успеа да се справи умешно со двајца дефанзивци.

Си ги погледаа

Ај да ги испукаат конфетите, па ќе фатиме накај соблекувална. Нетипични сцени после финалето во шпанскиот Супер Куп.

Монца ја шокираше Фиорентина, Малдини со волеј го изненади Де Хеа

Шестопласираната Фиорентина која игра одлична сезона, попи шамар на гостувањето против Монца, која е на дното на табелата. Убав гол даде Даниел Малдини, втор за него сезонава и вкупно 10-ти во кариерата. Го прогласија за играч на натпреварот.

Македонската ракометна приказна: Од Вараждин 2009 до Вараждин 2025

Вараждин во таа 2009 година се претвори во македонски град. Беше чест и привилегија да си Македонец, секој уживаше во спектаклот на македонската Фаланга. Обединети како никогаш, сите дишеа како едно, сите заедно ги славеа победите, заедно тажеа во поразите. Македонците сонуваа за големи натпреварувања, СП 2009 година го даде импулсот дека спортот во Македонија сепак е жив.

Провокативни Ел Класико моменти

Статистиката после синоќешното Ел Класико финале, покажа дека Барселона во 21 век има четири победи над Реал Мадрид со 5 или повеќе голови. Некој се сетил на едно место да стави занимливи сличности од две дербија.

Каков егзекутор е овој Шешко

Словенија има бисер од напаѓач, генерација 2003-та, кој не престанува да импресионира со игрите и голчиштата. Во јуни 2024-та го бараа Арсенал, Челси, Манчестер Јунајтед и Милан, но тој реши да го продолжи договорот со Лајпциг до 2029-та. Погледнете го ова коло како им ја збибери на Вердер. Не се брани ова.

Полека Џошуа, ќе се испотепаа меѓу себе

Џошуа Зиркзе ја реши пенал серијата и го однесе Манчестер Јунајтед во 4. коло од ФА Купот на дербито против Арсенал кое во регуларните 90 минути заврши 1:1. Во еден момент, на газ го седна својот чувар со еден потег, па имаше смеење на средина од теренот.

Грев за фудбалот е што ова не влезе во гол

Српскиот репрезентативец Мијат Гаќиновиќ ја имаше в рака кандидатурата за гол на годината уште на стартот на 2025-та. Следен пат вакво нешто, прашање е дали ќе му се поклопи на тренинзите на АЕК Атина, а не па во игра.

Птица го изремети Ѓоковиќ на сред сервис

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во второто коло на Австралија Опен откако го доби Американецот Нишеш Басеверди со 3:1 во сетови. На еден од сервисите на Србинот се случи необичен прекин.

Сензација на Австралија опен, Циципас елиминиран во прво коло

Стефанос Циципас загуби 3:1 од 20 годишниот Американец Алекс Микелсен, инаку 41-ви на АТП и тоа е прво изненадување на Гренд слемот во Мелбурн. Со елиминација се соочи и Ник Кирјос од Шкотланѓанецот Џејкоб Фирлнли. Фаворитската улога во прво коло ја оправдаа Синер, Алкараз и Ѓоковиќ.

Гвардиола им одржа лекција на дечките кои заработуваат од неговите автограми

Пеп им даде автограми на младите навивачи, но ги искара, бидејќи доаѓаат со повеќе предмети кои потоа ги продаваат со негов автограм. „Не доаѓајте повторно, нема да ви се потпишувам, ви ги знам лицата. Одете во школо, млади сте, не си го губите времето овде. Дали сакате да го поминете остатокот од животот правејќи го ова?“, им рече Гвардиола.

Пике го начека Касиљас после Ел Класико

Поранешниот стопер на Барселона имаше специјален поздрав до екс голманот на Реал Мадрид, кои се видоа веднаш после финалето кое заврши 5:2.

Како помина спектакуларното Ел Класико во Џеда на кое Реал се соочи со потоп?

Барселона за само 48 минути му сервираше петарда на Реал Мадрид, во финалето од Суперкупот во кое е рекордер со 15 трофеи.

Неделковски: Влезот во ФК Вардар е забранет за приватни лица

Извршниот директор на Вардар, одговори за ситуацијата пред тренинг-центарот на клубот во текот на вчерашниот ден. Комити тврдат дека вратата била затворена за нив и за маркетинг тимот. Миленко Неделковски вели дека немало најава и одобрение за нивно присуство.

Голмански материјал за најсмешно видео инсерти

Атлетико Паранаенсе ја совлада Парана со 2:1 во бразилскиот шампионат. Она што се врти на големо по медиумите и социјалните мрежи е начинот на кој домаќините стигнаа до израмнување. Одамна не сме виделе ваква завршница од пенал.

Столе го вратија на клупа, Мамардашвили прими смешен гол во 93-та

Во големата битка за опстанок, Валенсија испушти 3 златни бода на гостувањето против Севиља. Со голот на Риоха во 61-ва минута, имаа водство од 0:1, но Грузиецот Мамардашвили кој се врати по повредата, направи катастрофален кикс и им подари бод на домаќините во 93-та. Валенсија е последна со 13 бода.

Изјава на денот на ММА борец од Хрватска

Се вика Томислав Сичаја, а првите впечатоци после добиена борба му се ептен искрени и оригинални. Како по дома да раскажува.