Мурињо ни беше два пати во Скопје и во двата наврати направи шоу, особено вториот пат. Ама кој знае што ќе биде ако еден ден дојде царот меѓу тренерите. Погледнете колку е оригинален и природно комичен во дијалог со колумбиски новинар кој му заличи на Пабло Ескобар.
Еден од основоположниците на македонската тифо сцена, Горан Костадиновски - Гокси утрово на 51 година почина во Скопје. Беше меѓу основачите на навивачката група „Комити“ а подоцна и идеен творец на групата „Сити Парк Бојс“.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид секако е играч на мечот против Салцбург бидејќи по негатива од 1:2 им ја сврте со два комада, но постои ли играч кој не би жалел за ова? Сите ќе зборуваат за овој спектакл кој вака ќе остане заборавен.
Исланѓанецот Микаел Андерсон ги збуни синоќа сите кои го гледаа мечот Ливерпул - Мидтјиланд. 22-годишното крило во 66' минута беше спремен да влезе во игра наместо Авер Мабил, ама камерите го фатија како мака мачи да го облече дресот со број 34.
Додека вниманието беше вперено во Лига на шампиони, бразилскиот нисколигашки фудбал демонстрираше чудна кунг фу акробација во која играчот и се фрли на топката со две нозе. И за чудо му успеа.
На 20 февруари 2020-та, Ајакс потпишал 5-годишен договор со младиот 20-годишен напаѓач од Бразил, Антони кој на 42 меча за Сао Пауло постигнал 6 гола. Сега за Ајакс на 6 меча веќе има 4 гола.
Карим синоќа со нов гол влезе на вечната листа стрелци кои давале гол во 16 сезони од Лига на шампиони. Таму е со неприкосновениот Лионел Меси. Синоќа Реал спаси жива глава против Борусија Менхенгладбах и после 2:0 извади 2:2.
Најстарата навивачка група на Балканот и една од најстарите во Европа, сплитска Торцида деновиве одбележува јубилеј 70 години од своето основање. Синоќа на полноќ направија чудесија од пиротехника - цел град гореше.
Не паметиме ваков лош почеток на Реал Мадрид во ЛШ кој бележи пораз од Шахтјор и реми со Борусија Менхенгладбах, ама едвај на мускули откако син му на Турам им даде два. Атлетико, Ливерпул, Порто и Сити ја оправдаа фаворитската улога.
Лош старт на Интер по првите две кола во ЛШ на кои собраа само два бода, еден со Борусија дома и денеска со Шахтјор на гости. Барела и Лукаку го погодија дирекот, а Лаутаро Мартинез се изрезили од чиста позиција и го промаши цел гол.
Претседателот на каталонскиот гигант нема да оди до крај како што се предвидуваше откако група сосиоси ги собра потребните потписи, туку решава сам да се повлече и да го остави клубот во хаос.
Германскиот првак ја оправдува фаворитската улога во групата А со 6 бода на две средби. По убедливиот триумф над Атлетико, славеа 1:2 во Москва со головите на Горецка и Кимих кој напрви брилијантен потег. Шахтјор и Интер одиграа без голови.
Некогаш претставник на Холандија во еврокуповите, денес просечен холандски второлигаш, НАК Бреда, ај што изгуби 6-0 од Го Ахед Иглс, туку и ја имаше најкомичната ситуација на сезоната во Холандија, а и пошироко.
Ризаспор го совлада Сиваспор 0:2, а потегот на мечот го има Лоик Реми кој сезонава ги засили од Лил. Што ти е искуство, ги уништи со еден потег во стилот на Мбапе.
2006-та година, Реал Мадрид против Севиља 4:2. Гути смири една топка и направи потег со кој ги збуни сите, па дури и стрелецот на голот, Зинедин Зидан. Маестрална, импресивна и неповторлива асистенција.
Додека ние уште се бориме како да спречиме фудбал со циркузантски пенали и непостоечки голови и абер немаме еден ВАР да имплементираме, европскиот фудбал ни бега 100 години. Не само по квалитет, туку и со манирите.
Со Бјелса на клупа, Лидс Јунајтед е поинаков клуб, многу борбен, со строго одреден концепт на игра од која произлегува напаѓачи фудбал. Му одат на лидерот Астон Вила на гости кој тргна со 4 од 4 и го газат 0:3.
Додека зборуваше дека е свесен за работата и барањата што ги носат големите клубови, затоа што работел во неколку од нив, Жозе ги наброи Интер, Реал Мадрид и Челси, ама не го спомна Манчестер Јунајтед. Дали свесно или несвесно кој ќе знае.
Најдобриот англиски центарфор синоќа го спаси Тотнем да не прими гол во 71' минута и најверојатно да биде поразен од Барнли. После неколку минути на другата страна Сон постигна гол за важни три бода за Мурињо и Спарси.
По 12 изминати кола во македонскиот фудбалски шампионат, ФК Вардар има само 3 победи и е 9-ти на 10 бода зад лидерите Шкендија и Шкупи. Но резултатската криза не е нивниот најголемиот проблем.
Два против Болоња, два против Интер, два против Рома или поточно шест комада по пет кола во Серија А. Ибрахимовиќ дефинитивно ја живее својата втора младост, а синоќа му требаа само 105 секунди за да постигне нов гол на дуелот Милан - Рома 3:3.
Ако се прашувате од каде Бобан Марјановиќ го наследил талентот, ќе ви покаже самиот Бобан. Дедо му пред шталата има кош и гаѓа слободни фрлања подобро од Родман. Каков цар.
За нашата ракометна икона годините се само бројка. Нант во драматичен дуел загуби во дербито со Лимож 32:31, а Лазаров блесна со 10 гола од кој еден се најде во топ 5 на колото во Франција.