На полувреме Бензема на сонародникот Менди на француски во присуство на Бразилецот Винисиус му рекол: „Си прави што сака. Мене давај ми ја, жити мајка, овој (Винисиус) игра против нас“. Во вториот дел левиот бек на Реал, Менди само 3 пати му подаде на 20-годишниот Бразилец. Бензема во прво полувреме 3 пати му додал на Винисиус, а во второ ниеднаш:
Ова е втора ваква непријатна епизода во Реал, откако на Ел класико против Барселона на Камп Ноу камерите го фатија Иско како вика за Зидан на клупата за резерви: „Кога ме вади од игра ме вади во 50-та, 60-та минута, кога ме става, ме става во 80-та“.
Изгледа како драмата од Барса да се префрлила во Мадрид.