Фудбалерите на Шпанија не го скршија отпорот на дебитантот на Светски првенства Зеленортски острови и одиграа само 0-0 во рамки на првото коло во групата Х.
Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски му пишува порака на Елиф Елмас пред големата битка во Серија А. Елмас му одговара со сеќавање на еден емотивен момент. Е тоа е фудбалот.
Само 10 дена откако со два комада го однесе Наполи во нокаут фазата од ЛЕ, Елиф Елмас е главен протагонист и на дербито на колото во Серија А, кое го реши со еден потег.
Фудбалерите на Севиља го добија дербито на колото против Атлетико со 2:1 и останаа на втората позиција зад Реал со -5. Резултатот го отворија по само 7 минути игра со спектакуларен погодок на Иван Ракитиќ.
Кога овој човек играше во форма, тоа беше нешто посебно и уникатно за гледање. Секогаш кога ќе фатеше топка, требаше да си на штрек да не направи некој потег за клип. Во негово време беше најјак во свет. Компилацијата е самба. 14 гола за Барса и 4 за Милан.
Дојде време за сумирање, а меѓу првите тоа го направија во фудбалскиот шампионат во Казахстан. Голот на годината го прогласија оној на Давид Атанаскоски, член на Шахтар Караганди. И тоа пази, лев бек е, а ја офука на прва како никој. Претходно играше за Македонија Ѓорче Петров.
Бруклин Нетс, моменталниот лидер на Истокот игра сјајна сезона и синоќа во дербито ја совлада Филаделфија 76 со 114-105. Дурент одигра уште една симултанка со 34 поени, 11 скока и 8 асистенции, ама главен момент на дербито беше контрата на високиот тешкаш Андре Драмонд кој по една украдена топка тргна во контра да куца. Направи чекори ама судиите се направија дека не виделе, па цела клупа на Бруклин жестоко реагираше.
Првата тројка ја постигна во 2009-та, а рекордната 2.974-та пред два дена против Њујорк. Во Медисон Сквер Гарден, моментот беше одбележан спектакуларно со присуство на Реј Ален и Реџи Милер кои ги остави зад него, а шоуто почна уште пред стартот на мечот.
Во седиштето на УЕФА во Нион беше одреден распоредот на натпревари за новото издание од Лига на нации за сезоната 2022/2023. Во јуни месец за секои три дена натпревар.
Македонските јунаци кои го искачија Ама Даблам, одржаа презентација по повод освојувањето на еден од најтешките и најопасни планински врвови во светот. „Ова беше поместување на моите можности и границите кои мислев дека постојат“, рече Дишовска.
Во женскиот средношколски баскет во САД се случува апсолутно непредвидлив процес. Таму една девојка им парира на сите рекорди на неверојатниот Стеф Кари и пред некое време на еден меч постигнала 19 тројки а друга е апсолутен хит на паркетот зошто игра со неверојатна леснотија и покрај центарската конституција.
Ако за некој фудбалер во иднина би сакале да гледаме документарец или да прочитаме автобиографија тоа е Раџа Наинголан. Раџа има 33 години. По авантурите во Пјаченца, Каљари, Рома и Интер со кој освои Скудето а неколку сезони беше биран во тимот на годината, реши да се врати во родната Белгија и да заигра за матичниот клуб Антверпен.
Се вика Ришаиро Живковиќ, роден е во Асен, Холандија и го сметале за талент на Ајакс. Еве прилика да видите каков талент е дечкото. Среќа офсајд што свирнаа, ама и тоа не го пере од срамов.
Ливерпул целосно ја оправда фаворитската улога против Њукасл кој го доби со 3:1, а мечот го одбележа последниот гол на средбата, а тоа е голчиштето на Арнолд. Дополнителен, комичен шмек на проектилот му даде судијата Мајк Дин, кој му претрча на шут како прле пред магаре.
Секоја чест на лудачките завршници ноќеска во НБА лигата, ама ако некој сака атмосфера, нека си купи карта за во Белград. Ова е увертира од тазе мечот меѓу Црвена Ѕвезда и Барселона. Оптеретете звучките.
Манчестер Јунајтед е главниот клуб во кариерата на некогашниот руски фудбалер Андреј Канчелскис, но него го паметат и многу го ценат и во Шкотска. Русинот од 1998 до 2002 одиграл повеќе од 100 меча за Ренџерс, освоил две титули, три Купа и постигнал 19 гола.
Мајки, шајки, кретени, мајмуни... Тренерот на кошаркарскиот клуб Борац од Бања Лука, Драган Николиќ зајде од дерење и пцуење на тајм аутот против Пелистер. Инаку мечот од АБА 2 лигата го добија битолчани со 101:86.
Македонската фудбалска федерација соопшти дека нивни претставници имале онлајн состанок со колегите од фудбалските сојузи на Италија, Португалија и Турција, чии репрезентации ќе играат Фајнал фор бараж за пласман на Светско првенство 2022 во Катар.
Хозе Хуан Фигеирас Гарсија, познат како Хозе Хуан во една календарска година, 2021-ва може да се пофали дека бил дел од тимот на третолигашот Алкојано кој направи првокласна сензација во јануари кога со 2-1 го совлада Реал Мадрид во рана фаза од шпанскиот Куп, па ги кутна уште и Уеска, Атлетик Билбао и сега последно прволигашот Леванте.
Оклахома Сити Тандер и Њу Орлеанс Пеликанс ја изрежираа најлудата НБА завршница сезонава, а во ноќта на луди завршници со поени во последните секунди се приклучија и кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс.
Човек и да сакал да направи драма во финишот на мечот Оклахома Сити Тандер - Њу Орлеанс Пеликанс не би можел да го изрежира тоа што се случи. Шеј Гилџус Александар гаѓа тројка од пола терен на 1,4 секунди пред крајот за израмнување 110-110. Во последен момент топката ја зема Девонте Грахам од гостинската екипа на Пеликанс и се случува циркус.
Ракометната драма на терен која заврши со нерешен резултат и навивачката војна на големите ривали кои се кошкаа преку навредливи пароли, беа надополнети со симпатична иницијатива на домаќините која се покажа како успешна.