Датум: 13 мај 2012, време на семафорот 93:20. Како вчера да беше таа пеколно возбудлива завршница во Премиер лига, една од оние кои за срцето е најдобро да ја следиш како неутрален навивач.
Ливерпул во последно коло губи 1:0 од Свонси, но е шампион, бидејќи Сити дома има негатива 1:2 против КПР. Но во судиското продолжение се случува „невозможното“.
Един Џеко израмнува во 92-та минута, ама на Манчестер Сити му треба победа за титула која ја чека 44 години, ама само ако Свонси ги освои трите бода против Ливерпул.
11 пласираниот Свонси тоа го прави со гол во 86-та минута, а Агуеро на додавање на Балотели дава гол во 94-та минута и создава земјотрес на Етихад.
Антологискиот гол на кој цел живот ќе се навраќаат граѓаните, беше повод Манчестер Сити денеска да ја открие статуата пред стадион за да го одбележи еден од најважните мигови во историјата на клубот.
Инаку статуата за херојот Агуеро е изработена од 1.000 парчиња челик и осветлена во боите на Сити. Каква чест за славниот напаѓач кој после Винсент Компани и Давид Силва станува трет Аргентинец со статуа пред Етихад.
Инаку зборуваме за најдобриот голгетер во историјата на клубот, кој постигна 260 гола на 390 натпревари и направи 73 асистенции. Ова е првата од петте титули за Агуеро со Сити кој освои вкупно 15 трофеи.
We are delighted to unveil a permanent statue of Club legend @aguerosergiokun at the Etihad Stadium on the tenth anniversary of 93:20! 💙#ManCity pic.twitter.com/NUoyPyAMBm
— Manchester City (@ManCity) May 13, 2022