Offside

Спремете се за 25 секунди нестварен финиш во финален пинг понг натпревар, кој пазете, го губи Кинез, инаку поранешен светски првак. Цела сала е во делириум, на победникот не му се верува, а на шведско-кинеската пресметка урлаат француски коментатори.

Полски коментатор пробува да изговори белгиско презиме

Се вика Вилијам, се презива Баликвиша. Значи William Balikwisha. Роден е во Белгија, а има потекло од Конго. Навидум едноставно звучи, но не и за коментаторов кој завергла во место.

Претседателе, кучето ти е на сред терен, прибери го

После 21 одиграно коло во Швајцарија, Цирих е трет со 3 бода зад вториот Базел. Викендов ремизираа со Сион 1-1, а дуелот накратко го прекина домашниот миленик швајцарски овчар на претседателот на Цирих Ансило Канепа, кој морал да се симнува од ложа да го враќа.

Ја префрли преку стадион

Ај да е трета - четврта шкотска лига ќе разбереме некако, ама фудбалер на Селтик вака аматерски да ја заврши сам пред гол? Му го дупна тапанчето на стариот.

Лудачки гол во Белгија со откачена прослава

Запознајте го Јан Ван Дер Бег од Бершот кој викендов славеше на гости против Генк со 1:2. Дечкото го отвори резултатот на многу откачен начин.

Што се случува кога на судија му се игра бек во одбрана?

Во дербито на мексиканската лига, Круз Азул со 3-2 ја победи Толука, ама овој меч ќе се памти по моментот кога судијата Оскар Марсијас се испрчи пред фудбалер на Круз Азул кој шутираше во празен гол.

Неарните паради на Самир Хандановиќ, топ не го биеше

Лаутаро Гонзалес даде два гола и можеби беше најблиску да признанието играч на мечот против Милан (0:3), ама дефинитивно најзаслужен за триумфот на Интер беше голманот Хандановиќ кој буквално ко магнет да имаше на ракавици.

Акцијата на тацна за вториот гол на Интер во дербито

Фудбалерите на Интер со 0-3 го совладаа Милан и сега имаат 4 бода предност на 1. место во Серија А пред градскиот ривал. Лаутаро 2 и Лукаку 1 беа стрелци на головите. Аргентинецот зголеми на 2-0 откако на тацна му наместија гол по сјајна акција.

Лудата тројка на Нено од пола терен и цепелинот на Бајли

Македонската кошаркарска репрезентација направи сензационален пресврт против Италија и ја совлада со 87:78 со што остана во игра за пласман на ЕП. Ги издвојуваме тројката на Ненад Димитријевиќ и цепелинот до Американецот Бајли. Браво момци.

Новак Ѓоковиќ е суверен владетел на Австралија Опен

Најдобриот светски тенисер и број 1 на АТП ранг листата, го совлада четвртиот носител Данил Медведев со 3:0 (7:5, 6:2 и 6:2 во сетови) и по деветти пат во кариерата стана шампион на Австралија Опен.

Знае ли Халанд за нормален гол?

Само три дена откако сам ја реши Севиља на гости во Лига на шампиони, Ерлинг Халанд денес беше главен творец на триумфот на Дортмунд над давеникот Шалке со 0-4. Норвежанецот постигна фантастичен гол.

Монструозно забивање на Ентони Едвардс

Младиот кошаркар на Минесота, Ентони Едвардс кој беше избран за прв пик на драфтот, има нешто да ви покаже. Инаку има само 19 години. Жртва е Торонто.

Фудбал се игра со мозок, не на сила

Не е финта да промашиш топка. Не е финта да промашиш човек. Финта е да ги промашиш и двете.

Пиро шоу на Комити на Арената - за поддршка на Вардар

Откако најверните навивачи на Вардар успеаа да соберат околу 50.000 евра за спас на клубот преку акцијата со продажба на влезници, вечерва симболично со почеток во 19:47 часот направија фантастична бакљада, со цел да ги охрабрат младите фудбалери во продолжение од сезоната.

Необичната приказна за трансродовата жена која заигра кошарка по 30 години пауза

Највисока е, најмускулеста и два и пол пати постара во нејзината конкуренција. Игра во женска лига, а дома и се обраќаат со „тато“. На сите маки и предрасуди 20 годишниот кошаркар Роберт, сега е 50 годишната кошаркарка Габи, како членка во колеџ лигата.

Тројца се караат, Бруно користи

Манчестер Јунајтед до врв му ја наполни мрежата на Реал Сосиедад. Во Шпанија синоќа англискиот претставник победи 0-4 на првиот меч од 1/16 финале на Лига Европа. Два гола даде Бруно Фернандеш. Првиот беше после глупа реакција на домашните дефанзвици. Ова е осми гол за Бруно во еврокуповите откако е во Јунајтед.

Чуварот кој стана хит на интернет поради кош без гледање

70-годишниот Џо Орианс е човек задолжен за салата во средното школо Либерти-Бентон во Финдлеј, Охајо. Додека ја чистел и одржувал салата, решил свртен со грб да шутне од пола терен, мислејќи дека никој не го гледа. Една камера го забележала моментот и Џо стана хит.

Спектакл во најава на Ол стар, Дончиќ и Јокиќ во прва петорка со Леброн и Кари

Епа не можеше да биде појако, а и не паметиме кога последен пат имало двајца балканци во прва петорка на НБА Ол стар мечот. Балканот нема да спие.

Стоперот на Динамо Загреб Јошко Гвардиол кој го викаат Пеп

Динамо Загреб веќе неколку сезони е многу сериозен и стабилен европски клуб. Хегемонот во хрватскиот фудбал синоќа со 2:3 на гости го победи руски Краснодар во Лига Европа. Стефан Ристовски го одигра целиот меч.

Бејл го прати чуварот по вафли

Фудбалерите на Тотенхем ја завршија работата во нокаут фазата уште на првиот меч против Волфсбергер кој го декласираа со 1:4. Го издвојуваме потегот на Герет Бејл кој одигра еден на еден како во најдобрите денови. Кутрион велат дека уште клиза.

Мајсторот кој ќе им се фали на внуците дека давал голови против Ливерпул и Милан

Милан Павков е роден под среќна ѕвезда. Човекот веќе неколку години постојано е резервна варијанта во Црвена звезда. Ретко игра. Имал богати понуди од Кина, ама решил да остане на Маракана, макар седел и на клупа за резерви. Ќе остане запаметен како еден од ретките кој дал голови против 7-кратниот европски првак Милан и 6-кратниот европски првак Ливерпул.

Не е можно да си до толку глуп

Португалскиот фудбал му го нуди на светот кандидатот број 1 за автогол на месецот, деценијата и векот. Никој не може да биде по кутар од овој, освен ако мора да ја мести. Па уште им подари бод во 93-та минута.

Морон го вреѓаше Ибрахимовиќ во Белград

И покрај тоа што Златан Ибрахимовиќ отсекогаш имал симпатии за Балканот и има многу пријатели меѓу спортистите од регионов (во 2014-та со Ѓоковиќ донираше и парични средства за поплавениот град Обреновац), на Маракана во Белград за време на мечот меѓу Црвена Звезда и Милан (2:2) некој идиот најде за сходно да го вреѓа големиот Ибра.

Агенција за млади и спорт го избра Горан Пандев за спортист на годината

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација заслужено ја понесе наградата спортист на годината во Македонија на синоќешната церемонија организирана од АМС.