И покрај тоа што Златан Ибрахимовиќ отсекогаш имал симпатии за Балканот и има многу пријатели меѓу спортистите од регионов (во 2014-та со Ѓоковиќ донираше и парични средства за поплавениот град Обреновац), на Маракана во Белград за време на мечот меѓу Црвена Звезда и Милан (2:2) некој идиот најде за сходно да го вреѓа големиот Ибра.
Без апсолутно никаква потреба Ибрахимовиќ беше гнасно навредуван. Не покажа никаква реакција, веројатно и самиот запрепастен што сè е некој спремен да му изнакаже: