Offside

Спремете се за 25 секунди нестварен финиш во финален пинг понг натпревар, кој пазете, го губи Кинез, инаку поранешен светски првак. Цела сала е во делириум, на победникот не му се верува, а на шведско-кинеската пресметка урлаат француски коментатори.

ЕСПН одбележа 1 година од епскиот циркуз во мак фудбалот

Да, една година помина, а срамот беше преголем и уште е. Плус не се случи во некоја селска, туку во прва лига на мечот Македонија Ѓорче Петров - Академија Пандев. Ви благодариме ЕСПН што вака петочки нè насмеавте и не вративте на оваа неповторлива и безвременска сцена.

Бруно гледај секако како ќе те имитирам

На капитенот на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал изгледа идол му е Бруно Фернандеш. Синоќа шутираше пенал идентично како него пред негови очи, а потоа тренерот со право требал да му рече дека ако му се повтори, ќе игра со младинците.

Школската акција со која Динамо го сруши Краснодар

Хрватскиот шампион се пласираше во осминафиналето од Лига Европа, вторпат во три години, откако синоќа и во реваншот го совладаа руски Краснодар (1:0) и со вкупни 4:2 нашите Стефан Ристовски и Ариан Адеми одат понатаму. Акцијата за голот во 31' минута беше како на Сони Плејстејшн.

Најјаките решавачки партии на Лука Дончиќ

Секоја критика за неговата игра на почетокот од кариерата во НБА паѓа во вода. Има само 21 година, а веќе е претворен во кошаркар со убиствен финиш, тема од која НБА лигата успеа да направи компилација, мислиш десетта сезона му е ова.

А Бургос кога одбрани бомба со лакт?

Во френетично лудата Јужна Америка да ве викаат „Лудиот“ значи дека нешто стварно има тука. Херман Бургос беше легендарен голман на Ривер Плејт, Мајорка, Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Аргентина. До скоро долги години му беше десна рака на Чоло Симеоне во Атлетико, ама поради конфликтен однос Бургос заминал.

Словенец смисли нов начин на одбрана во ракомет

Комотно може да се каже дека ракометната секција на Барселона е можеби најдобриот колектив сезонава во сите екипни спортови во Европа. Каталонците имаат 13 победи на 13 меча во Лига на шампиони. Синоќа го совладаа Целје Пивоварна Лашко 29:32 во Словенија во меч во кој 30-годишниот Жига Млакар смисли нова одбрана.

А сте виделе ли вие трчање на колена?

Кога зборуваме за упорност и снаодливост, мислиме на фудбалеров на Шибеник кој ја изнасмеа цела Хрватска. Па уште успеа да шутне од таа позиција и за малку ќе дадеше гол. Каков цар.

Махериште на колото кој ќе ви покаже како се игра сингл

Одбира само една утакмица од ЛШ, инаку тешка за играње и ја гаѓа два пати. Прво дека ќе биде нерешено на полувреме и двојка на крај со опсег од 0 до 2 гола, а потоа се истакнува и со уште една мајсторија, дека првиот гол ќе падне во последните 10 минути. Краљ.

Македонецот Андоновски доминира со Америка, се спрема за олимписко злато

Женската фудбалска репрезентација на Америка, актуелен светски шампион, е предводена од нашиот стратег Влатко Андоновски кој ја продолжи доминацијата на САД.

Пречек на Интеристите за Станковиќ со бакљада и српска парола

Црвена Звезда вечерва му гостува на Милан во нокаут фазата од ЛЕ, одлична прилика за навивачите на Интер да се сретнат и да го поздрават Дејан Станковиќ кој го пречекаа спектакуларно.

Стеф Кари лабаво се загрева од пола терен

Со 24 поени, 8 скока и 8 асистенции Стеф Кари го водеше Голден Стејт Вориорс до триумф над Индијана Пејсерс 111:107. Пред мечот некогашниот МВП на лигата гаѓаше тројки од пола терен ко да шутира во празен гол.

Како Делии ја испратија Звезда во Милано

Црвена Звезда има активен резултат во Лига Европа против Милан со кој дома одигра 2:2. Навивачите веруваат во изненадување и распоредени на мостови и покрај пат најдоа начин како да ги мотивираат играчите пред вечерашниот дуел.

Иличиќ влезе во игра па Гасперини го извади

Нејасно е дали сега има некаков конфликт со тренерот Гасперини или мирно и сталожено ја прифатил неговата одлука да го смени брзо откако влезе во игра, за да сочуваат 0:0 со Реал.

На Абрамович му прават нова јахта, 145 метри долга, 430 милиони скапа

Сопственикот на Челси, рускиот магнат Роман Абрамович наскоро ќе заплови со нов дворец на вода каков што досега не е виден во светските води. На некои од неговите претходни јахти летувале само Лампард, Дрогба, Тери и Шевченко. Џон и Френки раскажале за рајот кој го проживеале таму.

Кралевите го освоија Бергамо во 87-ма, Сити гази со 19 победи во низа

Со убавиот гол на Ферланд Менди од 20 метри, Реал Мадрид стигна до гостинска победа против незгодната Аталанта. Манчестер Сити обезбеди солидна предност на гостувањето против Борусија Менхенгладбах.

Ретко виден гест, Меси тргна да побара дрес од противнички голман

Помирени со фактот дека кога играат против вонземјаниот само прашање на време е кога ќе ја извадат топката од мрежа, голманите кои бранат против Барселона размислуваат само тоа да биде што покасно во мечот. Вечерва во заостанатиот дуел со Елче, Меси даде 2 во 48' и 69'. Барса славеше 3-0, а на општо изненадување Меси му пријде на гостинскиот голман Едгар Бадиа да разменат дрес.

Пожртвуваност на Калараш во стилот на Родман

Вардарци го совладаа Елверум со 35:32, а голот за издвојување е првиот во режија на Калараш - Чупиќ - Георгиевски. Првиов се фрли по топка како да бркаат гол за победа, а мечот само што почна.

Триумф на Вардар во ЛШ по пауза од четири месеци

Многу важна победа на Вардар кој сега може да ги избегне Веспрем или Барселона во нокаут фаза, но само доколку ЕХФ ги додели службено бодовите на контото на Црвено црните од дуелите со ПСЖ и Флензбург.

Страшен гол на Деле Али во Лига Европа

Тотенхем вечерва го одигра реваншот од Лига Европа со австриски Волфсбергер и победи 4-0. Со вкупни 8-1 Спарс одат понатаму. Резултатот го отвори Дели Али со еврогол! А мајсторија имаше и  Герет Бејл за 3-1.

А Суарез да не има брат во НБА?

Е добро де, загубил рамнотежа па му требало да се задржи.

Ве поздрави Хуан Себастијан Верон

Лацио синоќа играше осминафинале против европскиот првак Баерн кој го загуби убедливо, а меч од нокаут фаза во ЛШ претходно Бјанкочелестите немаа играно од златните времиња со Крањоти. Налетавме на еден проектил кога во четвртфинале се сретнаа со Валенсија.

Риплај на денот

За поразот од Вележ (9:2) играчите на Динамо се вадат дека вечерта пред утакмица биле во кафана. На тоа им одговара легендарниот Блаж Слишковиќ: Да де, оти па ние во театар бевме.

Саша Ќириќ раскажува како го совладал Кан за јубилеен гол број 1000 на Нирнберг

Ниту еден друг наш фудбалер немал таква чест кога ќе излезе на стадион да си го прочита името и да го види знамето на Македонија на цела трибина. И тоа пазете во Бундеслига. Во негова чест навивачите снимија и песна и му се заблагодарија за головите на македонски.

Зизу по хаос го памети последното гостување во Бергамо

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва гостуваат кај Аталанта во првиот меч од 1/8 финалето на Лига на шампиони. Тренерот на „кралскиот клуб“ пред 23 години од клупата за резерви тогаш како играч на Јуве гледаше хаос на трибините.