
На денот кога го драфтуваа постоеа сомнежи и изјави дека тој не е доволно атлетски добар за да напредува во НБА. Рекоа дека ќе биде одговорен за одбраната и ја доведоа во прашање неговата способност за стрелање од далеку.
Колку лоша прогноза а?
Но Дончиќ одговори на секоја критика со стил и тој е сега легитимен кандидат за МВП во својата трета сезона во НБА, на само 21 година.
Важи за еден од најопасните стрелци, без разлика што процентите зборуваат поинаку. Докажа дека не треба да сте премногу брз за да бидете функционален спортист во најсилната кошаркарска лига.
На последниот меч Бостон Селтикс виде колку добар стрелец е Дончиќ. Далас победи во трилер завршница со 110:107 затоа што Лука погоди еден од најтешките удари. Го зема баскетот, ја презеде одговорноста, отиде на долг посед и даде луда тројка.
Неговиот сезонски процент е 34,9 за три поени, а кога треба да се решава мечот тој е секогаш тука обично со мирна и прецизна рака од секоја позиција. Статистиката вели дека во просек дава по 1,1 тројка по натпревар кога остануваат уште 4 секунди до крај.
Што сакате повеќе од ова? И да, ќе потсетиме уште еднаш дека има само 21 година, а станува се подобар и подобар. Што ли ќе кажат сега неговите критичари кои се сомневаа за неговата игра и шут надвор од рекетот, особено после една ваква страшна компилација.