Offside

Фудбалерите на Арсенал испратија порака до сите ривали дека сезонава целта конечно им е да ја освојат толку сонувата шампионска титула. Тимот од северен Лондон со петарда го испрати новајлијата во Премиер лига Лидс Јунајтед во 2. коло од англиската Премиер лига. По два гола дадоа Јулијан Тимбер и најскапото засилување летово Виктор Ѓокереш, а еден даде и Букајо Сака.

Убиственото резиме на Клинсман

Во емисија на ESPN, легендарниот Јирген Клинсман, беше полн со комплименти за одважната, храбра и паметна игра на македонската репрезентација.

“Вака играат невакцинирани“

Општо лудило е по Твитер и Фејсбук на тема Германија - Македонија. Што кај нас, што регионално, ама и во светски рамки. Коментарите се како да ви кажеме. Еве нешто од тоа што успеавме да пофатиме од целиот наплив.

Мексиканскиот коментатор зајде на голот на Елмас

Победата на Македонија против Германија одекна во цел свет, па дури и до Мексико. Уште поголем ќеиф е кога слушаш како туѓи коментатори урлаат после ова лудило кое го приредивме.

Твит на БиБиСи за победата на Македонија

“Вечерва цел свет е обоен во црвено жолта боја“.

Славје на македонски навивачи со играчите во Дуизбург

Уште во неверица по гигантскиот успех и пласман на едно Европско првенство, македонската јавност доживеа уште еден позитивен шок од фудбалерите. На колена ја спружија моќната Германија и тоа на гости, во Дуизбург каде 50-ина македонски навивачи после мечот ореа песна со играчите пред хотелот каде престојуваат нашите репрезентативци.

Нека трепка

Нека трепка затоа што одиграа мушки и со срце. Нека трепка затоа што заслужија победа и ја остварија после сериозен судиски грабеж. Досуден непостоечки пенал за Германија и недосуден постоечки за Македонија. Така е ѕверови, тоа е таа мангупска фотографија која се бараше.

Неверојатен факт: Првиот пораз на Германија после 20 години ѝ го нанесе Македонија

Верувале или не, цели две децении германската фудбалска репрезентација во квалификации за Светско првенство немаше пораз, додека вечерва во Дуизбург не дојдоа Пандев и другарите.
 

Твит на сезоната за Македонија од Бастијан Швајнштајгер

Човекот кој како лидер ја водеше Германија во лудачкиот меч против Бразил 1:7 и светско злато во 2014-та, сега пишува за лудачкиот натпревар на Македонија против неговата земја.

И Гари Линекер твита за Македонија, Англичаните ги мајтапат Германците

Човекот со 7,8 милиони следбеници на Твитер и еден од најдобрите англиски фудбалери на сите времиња, Гари Линекер не оддолеа на сензационалниот триумф на Македонија над Германија.

Највозрасниот фудбалер кој ѝ дал гол на Германија - нашата легенда

На 38 години, капитенот Горан Пандев постигна гол против Германија во историскиот и неверојатен триумф на гостински терен 1:2. Гоче го отвори резултатот и стана најстариот стрелец против Германија во историјата. Претходно Ханс Нордал од Норвешка им дал гол на 35 години во далечната 1953-та година.

Чистиот пенал кој не го добивме против Германците

Во 76' минута од мечот кој ќе влезе во аналите како победа против најсилниот противник во историјата, Македонија при резултат 1-1 имаше корнер. Енис Барди центрираше а топката чисто го удри во рака Емре Џан но судијата Сергеј Карасев не досуди очигледен пенал и не оштети.

Сензација! Лудница! Македонија ја урна Германија!

На стадионот Шауинсланд Рајзен Арена во Дујзбург, Македонија го сруши повеќекратниот светски и европски првак Германија - 1:2 (0:1) и го направи најголемото изненадување во мартовските квалификации во Европа.

Македонија води среде Германија, гол на Гранде Пандев!

По 47 минути одличен и стабилен фудбал, македонската репрезентација води на гостувањето кај Германија со 0-1. По една акција во последните секунди од првиот дел, во 45+2' минута, Алиоски центрираше, топката дојде до Барди кој од прва асистираше до Пандев за водство. Гранде Горан!

УЕФА не го заборава голчиштето на Блажевски против Зенит

Од нигде никаде во сред квалификации за Светско, УЕФА на својата Фејсбук страна наменета за Лига Европа која ја следат 16 милиони фанови, потсети на волејот на Дејан Блажевски против Зенит кога Вардар ја играше историската прва сезона во ова натпреварување. Зенит победи 2:1, ама голот кој заслужува внимание е оној на фудбалер на Вардар.

Германците имаат лудачка и скроз нереална статистика на мундијалски квалификации

Колку и да се јаки и константни некогаш ќе попуштат. На пример Бразил го посрамотија 7:1 во полуфинале на Светско, ама затоа лани се посрамотија сами со Шпанија во Лига нации и загубија 6:0. Но, ова што го прават во квалификации за СП е нешто уникатно и неповторливо. Светско чудо ќе биде ако ги тепаме.

Комедии на Македонија и на тренингот во Дуисбург

Македонската репрезентација играше „бзз“ и на тренингот во пресрет на мечот против Германија, а капитенот изгледа не знае да мава заушки. Му удри една на Трајковски и после се виткаше.

Од кај ги вади Никола додавањава?

Веројатно сите помислија дека Јокиќ во оваа акција ќе оди на дупли пас, ама не, дечкото смисли нешто сосема друго, навидум лесно и едноставно, ама треба да ти текне ваква асистенција до Арон Гордон преку тројца. 21 поен, 10 скока и 5 асистенции за српскиот кошаркар и победа на Денвер над Филаделфија со 104:95.

Реакција на Турчин кога дозна дека е викнат за репрезентација

Кога ќе речат националниот дрес е чест, радост и светост, се мисли на вакво видео во кое играчов фалеше уште колут напред да направи од среќа што ќе ја претставува својата земја.

Голмански слободен удар ала Пирло

Ако е голман не значи дека треба само да брани. Прашајте го дали е така Нојер кој води допка до центар или Рожерио Сени кој има постигнато повеќе голови од Бендтнер. Себастијан Виера од колумбискиот тим Атлетико Жуниор е доказ дека и голманите знаат да нишанат.

Матиќ ги ремети Роналдо и Бруно за поништениот гол во Белград

Царот ставил слика на Инстаграм и ги тагнал двајцата Португалци од кои едниот му е колега во Јунајтед, а сликата ја симнал од Фејсбук страната Селски фудбал или некоја слична таква. Е сега погледнете ја убаво сликата. Му ја залепил на Бруно на шкафче :).

Писмо на читател кому не му исплаќаат добитни тикети

Погодил две кошарки од Кина и ги одиграл на три тикети. Вкупна уплата му е 900 денари, а за исплата има 96.821 денар. Од кладилницата му рекле дека може да си ја земе назад само уплатата.