Уште во неверица по гигантскиот успех и пласман на едно Европско првенство, македонската јавност доживеа уште еден позитивен шок од фудбалерите. На колена ја спружија моќната Германија и тоа на гости, во Дуизбург каде 50-ина македонски навивачи после мечот ореа песна со играчите пред хотелот каде престојуваат нашите репрезентативци.