Првенци на Ѓокереш за Арсенал, „топџиите“ го разбија Лидс Јунајтед
Фудбалерите на Арсенал испратија порака до сите ривали дека сезонава целта конечно им е да ја освојат толку сонувата шампионска титула. Тимот од северен Лондон со петарда го испрати новајлијата во Премиер лига Лидс Јунајтед во 2. коло од англиската Премиер лига. По два гола дадоа Јулијан Тимбер и најскапото засилување летово Виктор Ѓокереш, а еден даде и Букајо Сака.