По 47 минути одличен и стабилен фудбал, македонската репрезентација води на гостувањето кај Германија со 0-1. По една акција во последните секунди од првиот дел, во 45+2' минута, Алиоски центрираше, топката дојде до Барди кој од прва асистираше до Пандев за водство. Гранде Горан!