Offside

Дојде моментот. Конечно почнува Светското првенство. Ќе се игра во три земји а ќе стартува во Мексико на легендарниот стадион „Ацтека“ кој дури три пати бил домаќин на Мундијали. Натпреварите ќе се играат во 11 градови во САД, три во Мексико и два града во Канада.

Ново врзување за статива во Премиер лигата, овој пат за врат

Само еден ден откако цела англиска јавност, а и пошироко, му се чудеше на падобранецот на Емирати кој се врза со рацете за статива, истото се повтори и на Гудисон парк. Се работи за протест.

Дефанзивците на Галатасарај во дуел со Педри, сами се праќаа по цигари

Барселона е четвртфиналист во Лига Европа откако со пресврт (1:2) го доби гостувањето против Галатасарај. Во центарот на вниманието е голот на Педри на израмнување кој го споредуваат со мајсторските голови на Меси. Клизаа во празно, како први, така други.

Шоуто на Талески против Романија

После сите критики и плукања, Филип Талески одигра натпревар за паметење, можеби најдобар во дресот на македонската репрезентација. Беше екстра мотивиран, ослободен од стеги и полн со самодоверба, а Романците немаа лек за неговите проектили. Едноставно ги растури, а од трибините во еден момент се скандираше неговото име.

Кај што игра Македонија, таму е и Мрме

Не промаши утакмица на македонската фудбалска репрезентација откако го сменија, а еве го вечерва и дава поддршка и на ракометната. Вода не го оставија да се напие на полувреме, човекот кој за прв пат ги однесе фудбалерите на Европско.

Македонија ја декласираше Романија, блесок на Талески со 10 гола

Македонската ракометна репрезентација обезбеди убава предност од +8 во првиот бараж меч за СП против Романија со која за само два дена игра реванш на гости. Мотивираниот Филип Талески експлодираше во напад.

Повикот да играш за својата земја многу значи

Жонатан Клаус е десен бек во францускиот Ленс. Игра одличнас сезона и има 4 гола на 27 натпревари. Денес селекторот на светскиот шампион Франција, Дидие Дешам го читаше поширокиот список кој во Ленс го следеле будно. Кога го слушнале името на нивниот другар скокнаа во еуфорија.

Навивачи на ПСЖ го малтретираа Курзава поради елиминацијата од Реал Мадрид

Не е лесно да си член на дрим тим, а да не можеш да освоиш Лига на шампиони. Ќе те сретнат на улица напорни ликови и ќе те замараат. Еден ќе те гура во сопствената кола, друг ќе те снима и така. Како што тоа му се случи на бекот Курзава.

Кој е поранешниот НБА играч роден во Русија кој замина да се бори на украинска страна?

Низа на украински спортисти во овие кризни денови ја баталија топката и се фатија за пушка. Некои од нив за жал загинаа млади. Меѓу фудбалерите открија и еден шпиун, а меѓу последните на фронтот излезе и славен кошаркар кој е поранешен олимписки првак со Советскиот сојуз.

Не ни требаат шеици за да го сакаме клубот - бајката Виљареал, клуб кој го прави среќен цел град

Мал, симпатичен град, обединет околу „жолтата подморница“, симбол на регионот Кастељеон. Клуб кој го прави среќен и горд секој жител на Виљареал.

Немаше дерман за фудбалерите на Барселона во Истанбул

Уште од времето на Хакан Шуќур, Хасан Шаш, Умит Давала и Рушту Реџбер немало ваква еуфорија кај навивачите на некогашниот освојувач на Куп на УЕФА. По храбрите 0-0 на Камп Ноу, вечерва Галатасарај на домашен терен ќе се обиде со помош на преку 50.000 френетични навивачи да ја урне големата Барса. Каталонците уште синоќа дерман немале сред ноќ во хотел.

Мурињо за Манчестер Јунајтед во 2 минути

Што е за право, во право е. Никој после Фергусон не може да го пркне клубот, а тој кога го зема освои три трофеи од кои еден меѓународен. Интересно, снимкава е кога тој им беше тренер, а ништо подобри не се и тие после него.

И тоа да видиш, Реал копирал акција од Борнмут

На 3 декември 2021-ва, Борнмут по една неверојатна акција од почеток, од средина на терен, во неколку потези го матираше лидерот Фулам. Реал Мадрид на 9 март 2022-ра против ПСЖ во Лига на шампиони ја пресликува истата акција смислена од тренерот на Борнмут Скот Паркер.

Хари Кејн на волеј фати шише Кока Кола

Тотенхем и Антонио Конте не отстапуваат во борбата за место кое води во Лига на шампиони следна сезона. Синоќа со 0-2 го совладаа Брајтон со головите на Кристијан Ромеро и Хари Кејн. Најдобриот англиски центарфор при прослава на голот убаво сочека едно пола литарско шишенце Кока-кола.

Необична случка со навивач кој се врза за стативата на Емирати

Во терминот за ЛШ, синоќа се играа и две средби од Премиер лигата. На мечот Арсенал - Ливерпул имаше необичен инцидент или како и да се вика ова.

Во меѓувреме одиме во Бразил кај Адриано

Кој би рекол дека голиов на веспава има играно во Италија каде освои 9 трофеи со Интер и има дадено 27 гола за Бразил на 48 настапи. Не се опраи и не се опраи.

Опасен танц падна во соблекувалната на Виљареал

И покрај тоа што имаа резултат 1:1 од првата средба и дома важеа за фаворити, фудбалерите на Јувентус капитулираа на домашен терен и примија три гола за 14 минути. Четвртфиналистите на Емери синоќа имаа убава причина за славје, а тоа го правеа како во диско.

Нов нокдаун за Јувентус во ЛШ, Виљареал и Челси се четвртфиналисти

Продолжува проклетството на Јувентус во нокаут фазата од ЛШ кој повторно се соочува со елиминација од противник против кој имаше статус на фаворит. Виљареал и нанесе дебакл на Старата Дама со 3 комада за 14 минути. Челси со пресврт славеше против Лил.

Што ќе биде сега со Челси, тренерот се смее дека ќе играат додека имаат за гориво во автобусот

Новата реалност многу силно го удри англискиот фудбалски гигант. Постојат неколку гранки во кои треба во најскоро време да се вложи за да клубот не лизне надолу. Но ситуацијата е ведра зошто имало преку 150 заинтересирани милијардери и милионери за Челси.

Отворете очи на Македонија, на гости ги тепаа Германците

На една недела до ултра важниот меч за Италијанците во битката за пласман на Мундијалот во Катар, италијанските медиуми почнаа да го претставуваат противникот со најава дека не сме било кои.

Феноменот што без престан играл 1.192 меча во НБА од 1986-та до 2001-ва

Дваесет и пет годишното крило на Феникс Санс, Mикал Бриџис во НБА првпат заигра на 17 октомври 2018-та година и од тогаш до ден-денес не пропуштил ниеден меч. Одиграл 296 натпревари по ред и влезе на вечната листа играчи кои непрекинато играле долги години без натпревар пауза. Таму лидер е еден феномен кој тешко некој да го стигне.

Најлудата тројна одбрана на Облак во ЛШ

Јан Облак не е голман од вчера, туку веќе осма сезона царува на голот на Атлетико Мадрид. Плус 29 години има, што значи дека уште може да зрее. Пред пет години им ја спушти ролетната на фудбалерите на Баер Леверкузен.

Како Абрамович во матната приватизација ја измамил руската влада за 2,7 милијарди фунти

Истрагата на БиБиСи откри нови докази за коруптивните зделки што го создале богатството на Роман Абрамович, чиј имот од пред неколку дена е замрзнат заедно со Челси. Се работи за два случаи со две нафтени компании. Едната во време на Елцин, другата кога дошол Путин.

Не е лесно да си стопер во Атлетико Мадрид кај Симеоне

Мексиканецот Ектор Ерера има 31 година и е главен командант во одбраната на Атлетико Мадрид. Овој снажен стопер во Атлетико е од јули 2019 и до денес важи за најважен стопер во тимот. Тоа го докажа и во големата победа над Манчестер Јунајтед каде неуморно се бореше со противничките играчи. После мечот дава интервју во папучи и покажува колку рани и модрици има од силните дуели.