Offside

Дојде моментот. Конечно почнува Светското првенство. Ќе се игра во три земји а ќе стартува во Мексико на легендарниот стадион „Ацтека“ кој дури три пати бил домаќин на Мундијали. Натпреварите ќе се играат во 11 градови во САД, три во Мексико и два града во Канада.

Како Абрамович во матната приватизација ја измамил руската влада за 2,7 милијарди фунти

Истрагата на БиБиСи откри нови докази за коруптивните зделки што го создале богатството на Роман Абрамович, чиј имот од пред неколку дена е замрзнат заедно со Челси. Се работи за два случаи со две нафтени компании. Едната во време на Елцин, другата кога дошол Путин.

Не е лесно да си стопер во Атлетико Мадрид кај Симеоне

Мексиканецот Ектор Ерера има 31 година и е главен командант во одбраната на Атлетико Мадрид. Овој снажен стопер во Атлетико е од јули 2019 и до денес важи за најважен стопер во тимот. Тоа го докажа и во големата победа над Манчестер Јунајтед каде неуморно се бореше со противничките играчи. После мечот дава интервју во папучи и покажува колку рани и модрици има од силните дуели.

Единствен прекинат меч во Англија поради недостиг на играчи

Познат е овој натпревар под името Battle of Brammal Lane или Битката на Брамал Лејн. Пред точно 20 години на денешен датум, средбата меѓу Шефилд Јунајтед и Вест Бромвич Албион била прекината откако домаќините, предводени од менаџерот Нил Ворнок добиле три црвени картони и двајца фудбалери им се повредиле па немале доволно играчи во поле и судијата го прекинал мечот.

Историска партија на контроверзниот Кајри Ирвинг - растури со 60 поени

Толку долго озборуваниот кошаркар на Бруклин Нетс кој цела сезона не може да игра на домашен терен туку само гостински натпревари зошто не е вакциниран па законите во неговиот град не му дозволуваат, синоќа одигра лудачки натпревар.

А ја забележавте ли интервенцијата на Облак со чело?

Манчестер Јунајтед немаше лек против извонредниот Јан Облак на кој сè што му шутнаа им одбрани. Шансава на прва тинејџерот Еланга изгледа чудно како не ја искористи, ама уште почудно е како му ја фати Словенецот. На забавената снимка ќе сфатите.

Мегваер се надминува себе си, заб ќе му скршеше на Роналдо

Најскапиот дефанзивец во светот продолжува да се истакнува со бисери, кои овој пат ги имаше и во одбрана и во напад. Под притисок да бркаат гол за продолженија, Мегваер му даде глава на Роналдо, па среќа не му го скрши инаку тек тогаш ќе беше големата.

Самба трик на Фред, навивачите во чудо

Бразилецот кој обично важи за деструктивец и разбивач на противничката игра, на мечот со Атлетико Мадрид направи еден маестрален бразилски потег кој од него не се очекувал. Мајсторија на мал простор.

Феноменалната одбрана на Облак по ножичките на Кристијано Роналдо

Имаше Манчестер Јунајтед шанси и поголем посед на топка, но Атлетико Мадрид го имаше сјајниот Јан Облак кој со неколку бравурозни одбрани стави клуч на неговиот гол и беше најзаслужен што неговиот тим оди во четвртфинале. Не го совладаа ни Роналдо, ни Еланга, ни Санчо, ни Кавани, ни Бруно Фернандеш.

Чоло Симеоне гаѓан со шишиња додека истрча во соблекувална

Аргентинскиот тренер понекогаш знае после последната судиска свирка брзински да истрча до соблекувална без да се поздрави со колегата на другата страна. Така направи и вечерва кога неговиот Атлетико Мадрид со 0-1 го урна Манчестер Јунајтед. Но додека трчаше кон тунелот, домашните навивачи бесни го гаѓаа со сè и сешто па среќа остана на нозе.

Бандата на Диего Симеоне го елиминираше Јунајтед, Бенфика подобра од Ајакс сред Амстердам

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Бенфика се четвртфиналисти во Лига на шампиони откако вечерва со идентични 0-1 ги совладаа Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ и Ајакс на „Јохан Кројф Арена“.

Најчудни фудбалски теории на заговор

Некои од нив сте ги слушнале, а некои од не. Некои ќе ве натераат да се подзамислите, а некои да се насмеете. Во секој случај вредни се за спомен.

Тренерот на Челси: „Ако главна дискусија во Парламент им е песна за Абрамович, тогаш што да кажеме“

Фудбалскиот клуб Челси е до тоа ниво тормозен од властите во Англија што секојдневно по некој бистар политичар дава идеја како „да се камшикува“ актуелниот европски шампион. Клубот сега не може да продава ни влезници за своите натпревари, а тренерот Тухел имаше добар одговор.

Како Винисиус им одговори на расистите во Мајорка

Со предност од +10 пред второпласираната Севиља, Реал Мадрид ита кон шампионската титула во Ла Лига. Синоќа ја совладаа Мајорка на гости со 0:3. Бензема повторно беше во елемент со два гола, а резултатот го отвори Винисиус, кој со танц им врати на навивачите кои го навредуваа по расна основа.

Непобедливата Џенова која го израмни чудниот рекорд на Интер со Манчини

Ја следите ли што прави Џенова во Серија А откако смениja тренер, а Пандев си замина? Со бод по бод не се освојува опстанок дечки.

Некогашната тенисерка број 1 во светот се расплака на сред меч

Белоруската тенисерка, познатата Викторија Азаренка (32) изгуби со 2-0 во сетови на Индијан Велс од помладата 22-годишна Елена Рибакина, а во текот на натпреварот во еден момент популарната Вика се расплаче па судијката ја прашуваше дали ѝ треба помош.

Најјак линиски судија на годината

Oд Африка ни доаѓа многу смешно видео. На мечот меѓу екипите на Асанте Котоко и Бибиани Голд Старс кој домаќинот го добил со 5-0 еден од помошницте судии толку се соживеа со една брза акција на Асанте што заборави кај му е аут линијата.

Спалети е пишман што се сликаше со детево

Јакото е што малиот нит жалеше што остана без фотографија, а ниту пак му се извини на нежниот тренер на Наполи. Циркузи.

Ѕверска партија на ѕвезда на Тимбервулвс, во НБА немало таква вечер од 1983-та

Во неверојатно ефикасна вечер во НБА, Карл-Ентони Таунс го разби Сан Антонио Спарс со 60 поени, 17 скока и 3 асистенции. Неговите Тимбервулвс славеа 149-139. Во истата вечер Трае Јанг уфрли 46 поени а Стеф Кари 47 поени на неговиот 34 роденден во победата на Голден Стејт Вориорс над Вашингтон 126-112.

Голот со кој Чиро Имобиле влезе во историјата

Во последниот натпревар од 29. коло во италијанската Серија А, Лацио со минимални 1-0 ја совлада Венеција и со 49 бода се искачи на 5 место пред Аталанта и Рома.

Горан Пандев: „Сега играм со најдобриот голман на светот, а омилен играч ми беше Дејо“

Преку онлајн кампањата “Meet&Greet” со навивачите на Парма, од најмлади до највозрасни, од спортскиот центар Колекио зборуваше најдобриот македонски фудбалер.

1 минутна компилација со импресивниот Ериксен

Следете го добро како посматра и резонира, уште пред да прими топка. Нема тука игра на памет, туку со мозок. Снимката е од викендов против Барнли кој Брентфорд го доби со 2:0. На крајот ја направи и првата асистенција по кам бекот во Премиер лигата на 26 февруари. Херој е Кристијан. Втор живот живее.

Романски обид за стопирање на војната

Фудбалот во Романија е бурлески во секој ранг и бисерите не може да им се добројат. Најновиот е на клубот Политехника кои се обидоа да испратат порака, ама нешто не им успеа, освен ако не ја читате во обратен редослед.

Дончиќ на рингтон ја има ставено Дара Бубамара

Балканската музика е редовно на репертоарот на ѕвездата на Далас. Не за џабе по татко е по потекло од Србија, а по мајка од Словенија. На последниот прес го уловија со песната „Добро јутро никоме“ од Дара Бубамара.