Биди карактер како Садио Мане

Херојот кој на Сенегал му го донесе толку посакуваниот пехар од Африканскиот Куп на нации, човек кој донира милиони и милиони во своето родно село и цела Африка. Летово направи трансфер од Ливерпул во Баерн Минхен а на групната фотографија на Баварците во пресрет на славниот Октоберфест, религиозниот Мане остана до своите ставови да не пипка алкохол.

Покрај Мане, на фотографијата (горе лево во втор ред) без пиво во рака е и 24-годишниот десен бек од Тунис Нусаир Мазрауи кој летово стигна во Баерн од Ајакс Амстердам.

И Мазрауи и Мане се муслимански верници.

 

30 август 2022 - 10:15