Гол машината работи турбо: Левандовски веќе е прв стрелец во Шпанија, само Столе го сопре

И покрај мрморењата дали и како ќе се снајде во шпанска лига, неверојатниот голгетер Роберт Левандовски веќе ги решета и мрежите во Ла Лига.

Роберт Левандовски брзо се навикна во Барселона. На мечот против Ваљадолид кој Барса го доби 4-0, Полјакот постигна два гола и сега на своето конто веќе има четири погодоци на три официјални меча. На крајот од дуелот со Ваљадолид на „Камп Ноу“, Лева имаше голема шанса и за хет-трик но голманот Жорди Масип одбрани.

Првиот гол на капитенот на Полска која ќе игра на Светско првенство откако Русија беше дисквалификувана од баражот, беше во негов стил со кунг-фу потег како до скоро во Баерн.

А вториот погодок му беше право ремек-дело, гол со многу фудбалски сенс. По асистенција на Дембеле, Полјакот со петица маестрално го совлада гостинскиот голман:

Левандовски постигна дубл, два гола на втор меч по ред. Претходно пред неколку дена два пати се запиша во листа на стрелци и во убедливиот триумф против Реал Сосиедад на гости 1:4. Новиот шпиц на Барселона немаше гол само на мечот во првото коло на отворањето против Рајо Ваљекано го македонскиот најдобар голман Столе Димитриевски беше несовладлив.

По двата гола на Левандовски сега тој е прв стрелец во Ла Лига. Четири гола има и Борха Иглесијас од Бетис но пола му се од пенали а на Полјакот сите четири од игра.

Левандовски е воедно и првиот играч за цели 11 години кој постигнал четири гола од игра на првите три меча во Примера. Во 2011-та година Радамел Фалкао го направи тоа во дресот на Атлетико Мадрид.

А во Барселона Роберт е првиот играч во XXI век кој имал ваков моќен почеток. Никој претходно како него.

Капиенот на Полска и некогашен шпиц на Баерн Минхен и Борусија Дормтмунд постигна три гола во Примера на возраст од 34 години и 7 дена - никој повозрасен играч не го сторил тоа претходно. Роберт го урна и рекордот на својот соиграч Пјер-Емерик Обамејанг кој постигна три први гола во Примера на 32 години и 247 дена.

Барселона има две победи во рок од неколку дена со вкупен учинок 8:1. Сега ги чека Севиља која е тотално разочарување на стартот од новата сезона со само 1 бод од 3 кола. После Каталонците ги чека Лига на шампиони и отворање дома со чешка Викторија Плзен.

Деби гол на Бензема за Реал од слободен удар

29 август 2022 - 09:43